Развојот на „Саса“ неразделно е поврзан со просперитетот на заедницата

Рудник „Саса“ и Олег Телнои

ИНТЕРВЈУ со Олег Телноj, генерален директор на рудникот „САСА“

Пишува: Иван Бојаџиски
Пишува: Иван Бојаџиски

Олег Телној е машински инженер од Казахстан, со магистратура по бизнис администрација. Тој на оваа позиција дојде на 17 мај годинава како кадар на Централ Азија Металс во чие семејство е овој наш рудник. Олег Телној прифати интервју за нашиот портал istokpress.mk и одговори на сите прашања кои му ги поставивме, а кои се важни за рудникот, Македонска Каменица, Источниот регион и Република Македонија.

Г-дин Толној, рудникот „Саса“, пред година и половина, на својот влез постави бројчаник кој ги брои деновите без повреда на работа. Тоа е голема новост за било кој наш стопански колектив. Кое е значењето на тој ваш потег?

За Централ Азија Металс, каде и да работи, врвен приоритет е безбедноста при работа, односно здравјето и животите на вработените. На овој исклучително важен сегмент компанијата ги насочува своите инвестиции и покажува  исклучителна посветеност. Таков е принципот на работа и однесување и во „Саса“.  Горди сме што благодарение на зајакантите мерки за безбедност, новите воведени процедури и вложувањата во заштитна опрема и нови машини и техологија, значително го подигнавме нивото на безбедост во сите постројки во рудникот, вкучително и во рудничките јами. Индикатор за ова е рекордниот број денови без инциденти и повреди на работното место. Во последните пет години инцидентите со повреди без боледувања се намалени за 90 проценти, а 2017 година беше првата календарска година во Саса без повреда со боледување, што е нешто на кое ние во Саса“ сме навистина горди.

sasa02
„Саса“ остварува и ќе остварува тесна соработка со образовните и научни институции, посебно со УГД – Олег Телној со Проф.д-р Зоран Десподов, декан на Факултетот за природни и технички науки

Кој е Олег ТЕЛНОЈ?

Вработен е во во Централ Азија Металс, повеќе од 10 години, а од 17 мај е поставен на позицијата генерален директор на рудникот „Саса“. Претходно ја извршувал одговорната функција директор на Конрад, компанија за бакар во сопственост на Централ Азија Металс. Телној за себе вели дека е семеен човек, а моментално живее во Македонска Каменица. „Македонија е прекрасна држава, со преубава природа и фини и пристапни луѓе. За жал и покрај мојата желба да научам повеќе за земјава и за луѓето, моите претходни обврски не ми го дозволија тоа задоволство. Со нетрпение чекам да ги откријам сите убавини на Македонија, за која што слушам многу убави работи и одлични препораки. Сметам дека „Саса“ е одлична можност за мене и за Централ Азија Металс да градиме бизнис овде кој што ќе им биде од корист на нашите акционери, на земјата, на нашите вработени и на локалното население“, вели Телној.

Сепак, и покрај тоа што се работи за одлично достигнување, ние како компанија нема да застанеме на тоа. Одржувањето висок степен на безбедност и заштита на сите вработени и постители во рудничкиот комплекс останува еден од највисоките наши приоритети. Ова нe обврзува да продолжиме со вложувања во овој сегмент, како и со континуираните обуки и инститирање на почитување на процедурите кои гарантираат поголема безбедност на сите.

Подолго време Саса е на ист број од околу 700 работници. Кога беше преземена од првиот инвеститор (Солвеј) проекцијата беше на 900 вработени. Има ли простор во рудникот за нови вработувања, ако има кои се предусловите за такво нешто…

Брјот на вработени во било кој рудник во светот, вклучително и во САСА, зависи од многу фактори, но најзначајни секако се продуктивноста, ефективноста и секако технологијата која се користи во сите оперативни сегменти во рамки на рударскиот комлекс. Ако ги земеме предвид овие фактори, моменталниот број на директно вработени во рудникот е околу 700 работници, но од Саса живеат и голем број на индиректно ангажирани луѓе што се заедно засега оптимално ги задоволува потребите на компанијата. Секако треба да се знае дека рудникот работно ангажира долнителен број лица во различни специфични сегменти кои директно не се поврзни со производниот процес, но се значајни за целкупното фукционирање, во областите како што се истражувањата, логистикичкит операции и слично, со што нашата компанија е еден од најголемите работодавачи во Источна Македонија. Исто така, би сакал да нагласам дека Централ Азија Металс е сопственик на рудник „Саса“ од ноември 2017-та година. Во тој конкекст ние не можеме да знаме, ниту сме во позиција да ги коментираме, евентуалните најави на  претходни сопственици на рудникот.

Саса за цело време врши модернизација на своите средства за работа, од инвестиици во јама преку инвестиции во флотација, транспортни средства и слично. Но, од рудникот доаѓаат информации за потреба од нови вложувања…

Можам слободно да кажам дека инвестициите во „Саса“ не можат и нема да запрат. Нашиот план е рудникот да биде еден од најсовремените руднички компекси во овој дел од светот. Во изминатиот период многу е направено во областа на модернизација на опремата за ископување на рудата и за тоа да се спроведе на безбеден начин, со цел нашиот персонал да биде оддалечен од работните чела секогаш кога тоа е можно. Понатамошна модернизација е во транспортот на рударите во јама и, се разбира, во заштитната опрема и воведувањето на процедури кои значително ја подобрија безбедноста и заштитата во рудникот. Инвестирано е многу и во заштитата на животната средина, како и во процесот на преработка на рудата, каде е започнат процесот на целосна технолошка модернизација што ќе продолжи и во иднина.

Уште колку години стопански живот има Сасасо сегашните утврдени рудни резерви и со сегашното темпо на експлоатација?

Според досегашните геолошки истражувања и податоците кои ги имаме, нашиот рудник има гарантиран век на екслоатација во следните 20-25 години. Но, сакам да нагласам дека нашите долгорочни планови се да обезбедиме услови за развој на рудникот и после овој временски рок, раководејќи се од студиите кои покажуваат дека овој регион има количини на минерални наслаги кои со детални истражувања и дополнителни инвестиции можат да отворат нови перспективи за догорочен развој на „Саса“ а со тоа и на рударството во овој крај. Се разбира, тоа не зависи само од волјата на инвеститорите. Неопходна е подготвеност за тоа и од останати засегнати страни, а особено од институциите. Доколку во земјата се развива позитивна клима за развој на рударството, а пред сѐ регулатива која е во согласност со европските и светските станрадрди во оваа област, тогаш не гледаме причина зошто да не продолжат инвестициите во развојот на рударството, а во тие рамки и на рудникот. Од тоа позитивни ефекти ќе имаат и инвеститорите, но и вработените во „Саса“, нивните соседи,  општината и локалното население, но и земјата во целина. Ова бидејќи рудник како што е нашиот придонесува по многу основи и за развојот на националната економија и општеството во целина.

Деновиве се актуелизира прашањето за носење закон со кој рударите би оделе порано во пензија. Тоа е едната страна на приказната. Другото нејзино лице е фактот дека овој дел на Македонија останува без млади кои на работа заминуваат во странство. Ако рударите порано одат во пензија, а нови лица за работа во рудникот нема, има ли подрачјето капацитет да го надомести тој минус од работници, или прашањето ќе се решава со нова, уште понапредна рударска технологија?

Најнапред сакам да нагласам дека нашата компанија ги подржува сите иницијативи кои гарантираат поголема социјална сигурност и стабилност на сите вработени во рударската индустрија. Но, вие сте сосема во право кога велите дека природното обновување на кадарот во рударската индустрија во земјава, а во тие рамки и во „Саса“ е актуелен предизвик со кој се соочуваме и за кој ќе мора брзо да изнаоѓаме ефикасни решенија. Нашите податоци покажуваат дека просечната старосна граница во САСА забрзано се приближува до критичните вредности, што значи дека во наредните неколку години бројот на лица кои ќе можат да одат во пензија ќе биде значителен, а истовремено бројот на млади лица кои имаат интерес да работат во рударството станува загрижувачки низок. Скоро е извесно дека технолошките иновации во рударството нема да бидат доволни да го надомесат недостигот на работна сила што ќе станува се поизразен. Затоа е неопходно, во соработка со образовните, научните установи и државните институции, да изнајдеме ефикасни модели со кои дополнително ќе ги мотивираме младите да вложат во својата професионална надоградба и кариера во рударството. Ние во САСА сме подготвени да вложиме во тоа и се надеваме дека во соработка со останатите наши партнери ќе можеме успешно да реализраме проекти кои ќе им отворат дополнителни реални перспективи за младите од овој крај. Еден пример за оваа соработка е што „Саса“ за оваа академска година се здружи со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и понуди стипендии за 20 студенти од прв циклус на студии, кои студираат во областа на рударство, геологија и заштита на животна средина.

Рудникот на чија челна позиција сте отсекогаш важел за број еден кога е во прашање општествената одговорност. Со оглед на фактот дека сте прилично нова личност на оваа важна позиција, дали планирате да го продолжите тоа ниво на одговорност или

Да, како генерален директор сигурно ќе продолжам оваа убава и корисна пракса.Треба да спомнам дека со новите сопственици на „Саса“, Централ Азија Металс (ЦАМЛ) работам веќе десет години, а филозофијата на ЦАМЛ е дека корпоративната општествена одговорност е во центарот на сето она што го работи и како раководи со рудниците. Па така, јас бев генерален директор на уште еден рудник на ЦАМЛ, па искуството кое го носам ќе го инкорпорирам во „Саса“, во секој нејзин сектор почнувајќи од операциите, до човечки ресурси, набавки и заштитата на животната средина и се друго.

Во однос на социјалната и општествената компонента на корпоративната општествена одговорност, работата и развојот на рудникот „Саса“ се неразделно поврзани со животот и просперитетот на заедницата. Тоа ми беше кажано уште пред да дојдам тука, и секако можам лично да го видам по првите неколку недели од преземањето на функцијата. Благодарание на средствата што компанијата ги уплаќа во државната каса и во буџетот на општината Македонска Каменица, нашиот рудник придонесува за изградбата на локалната инфраструктура и нејзиното функционирање, од што директно зависи и квалитетот на животот на жителите во градот и околните населени места. Покрај тоа, САСА континуирано одвојува и финансиски средства за реализација на многубројни проекти од областа на спортот, културата, науката, образованието, животната средина, социјалната сфера и поддршка на ранливите општествени групи. Охрабрени од резултатите и ефектите од ваквите наши активности, „Саса“ ќе продолжи со натамошна реализација на општествено одговорни проекти важни за просперитетот на локалната заедница и земјата во целина

Саса“ си има и свој сидникат како претставник и заштитник на интересите на рударите, колку сметате дека социјалниот дијалог е од значење за мирот и стабилноста, а со тоа и за успешноста на рудникот?

Еден од клучните фактори од кои зависи успехот и остварувањето на развојните цели на секоја компанија секако е нивото на доверба и меѓусебното разбирање на вработените и раководството. Како нов генерален директор и претставник на новите инвеститори во „Саса“, убеден сум дека низ континуиран дијалог со претставниците на вработените ќе успееме да изградиме висок степен на меѓусебна доверба и ќе постигнеме висок степен на разбирање за заедничките цели на компанијата, од чие остварување придобивки ќе имаат сите. Јас сум тука да го негувам тој и таков дијалог зашто тоа е од интеерес за сите.

Заштитата на животната средина е приоритетно прашање на секаде, па и кај нас. Јаловиштето на рудникот е при крај можностите на неговиот капацитет, требаше да градите ново…Го правите ли тоа, колкав е неговиот капацитет, колкава е инвестицијата вонего

Изградбата на новото хидројаловиште се одвива согласно сите процедури, правила и рокови што ги налага законската регулатива и меѓунардоните стандарци, кои ние во целост ги почитуваме. Досега имаше значителни инвестиции во изградбата на новото хидројаловиште, а тоа треба да му овозможи на рудник да продолжи со својата редовна работа, барем во наредните 6-7 години во зависност од производството. Неговата изградба се врши според најсовремени технолошки станради за ваков вид објекти што претставува и своевидна гаранција дека се исполнети најависоките пропишани безбедносни и еколошки нормативи. Како и за сите наши операции и активности, така и за новото јаловиште, рудникот ги презема сите мерки кои се опишани  во соодветните документи и елаборати со кои се редуцирани и елиминирани сите потенцијални ризици по безбедноста и животната средина. „Саса“, исто така, има воспоставено детална програма за мониторинг на животната средина, не само за објектите на јаловиштето, туку и за сектори од работењето, а тоа е регулирано од Министерството за животна средина. Понатаму во однос на јаловиштето, се извршуваат и независни проверки од страна на професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои месечно доаѓаат на терен и вршат самостојни проверки на објектот.