Кацаров добитник на меѓународната награда „Големиот принц“

4

Штип, 14.02.2018

Познати се годинашните добитници на меѓународната награда Големиот Принц на Фестивалот Големи и мали деца, кој заедно го организираат Издавачката куќа Феникс и Фондацијата Македонија Презент од Скопје.

02Тоа се македонскиот писател Трајче Кацаров за неговата најнова книга за деца и млади Скаските на Мето од петто, потоа Ивица Баковиќ од Република Хрватска кој ја подготви книгата Македонски раскази за деца и Душан Ѓуришиќ од Република Црна Гора кој ги преведе Антологиите на македонскиот расказ и македонската поезија за деца и млади.
Книгата од Трајче Кацаров е мини роман, кој говори за периодот кога детето се одвојува, односно како што вели авторот – не се држи веќе цврсто за здолништето на бабата и фустанот на мајката. Кацаров пишува современо, актуелно и провокативно, а по неговата претходна книга Ојле брада во животинска балада, со ова ново дело донесува нешто ново, модерно, урбано и привлечно во македонската литература за деца и млади.
Ивица Баковиќ и Душан Ѓуришиќ се вистински книжевни амбасадори, односно аниматори и афирматори на македонската литература за деца и млади во Хрватска и Црна Гора, со што нашето творештво за најмладите излегува надвор од локалните гранции и рамки и зазема сé позначајно и посуверено место во рамките на балканската, па и европската книжевнсот за деца и млади.