Кога презумпцијата на невиност трага по хероите на нашето време

 

  • Ова е време на мавање со дрва и камења, ова е време на линч и одмазда,ова време се стреми да му дозволи на злото, зло да си роди..

За себе мислам дека, не сум баш од оние што постојано трагаат по урбани апсурди и егзинстенцијализми. Но, насекаде согледувам мистерии на човечката психа. Со години трагам по театар или џез како терапија
од телевизија, но наместо тоа нечија “висока интелигенција”, континуирано не ми овозможува слобода и сатисфакција.

Пишува: Маре Стоилова
Пишува:
Маре Стоилова

Луѓето на иднината оние млади ликови суетно велат, а јас го поимам нивниот став и определба, дека сакаат да не мора да зависат од други луѓе и сакаат цело време независно според правилата на правичниот систем да се движат кон сопствените цели. И покрај лабавото спознание дека многумина како мене живеат единствено во хармонија со самите себи си и без нагласена потреба од континуирани дружења со други луѓе, некој сепак ќе се најде да ти го замати умот да ти го поремети личниот со децении граден критерум на вредности. Во нашиот ограден свет за себе, јас не патам од авторитети, не ми се потребни ниту лидери и знам дека ова не е некоја Скандинавска земја но сепак не сакам вештачки импути на уште повештачка, насилна политичка мимикрија.

Оние порелигиозните и филозофи по душа ги разбирам кога посакуваат светилката на Диоген да не се запали се до моментот кога на ова Македонско тло, човекот не стане уште почовечен или барем да се одлепи од некоја точка без илузии за врвна цивилизациска определба. Денес кога сите мудруваат, филозофираат, линчуваат, деградираат и робуваат на деструкцијата, денес би посакала да се искристализираат ХЕРОИТЕ НА НАШЕТО ВРЕМЕ. Тој процес би бил подарок .. огромна сатисфакција за нас генерациите кои транзицијата сеуште ги транзитира, а нашите поколенија прекугранично ги мигрира. Обичниот човек, без оглед на неговото име заведено со ЕМБ, за херој го скенира само оној нему сличниот.

Сличен на сличен му се радува и во оваа општевствено-политичка фрка односно збрка, обичниот Македонец сака обичен херој, човек од крв и месо не месија, човек со надеж, визија и прогрес, херој кој ќе содава, зближува, обединува … радува. Херој кој ќе брза во сто или илјада чекори, при тоа ќе паѓа, станува, пропаѓа и воскреснува и бидејќи е херој одбран .. ќе умира и пак ке се раѓа само во момент на себеспознание и заклучок дека – многубоштвото е илузија на еден друг многу понизок степен на цивилизација. Ова е време на мавање со дрва и камења ова е време на линч и одмазда ова време се стреми да му дозволи на злото, зло да си роди..

А народот.. крева раменици и гледа бегло , нагонски вртејќи се кон исток се моли за прошка.. Народот моли за прошка на гревовите свои притоа молејќи се и за гревовите на хероите негови. Народот како насушна духовна храна сега повторно бара хиерахиско лидерска големина , народот бара херојски одблесок и аура која ќе засвети само тогаш кога секој десно, лев или централен лидер, ГРЕВОТ САМ ЌЕ СИ ГО ПРИЗНАЕ..

Голем е само оној кој силно признава на глас дека е ЧОВЕК.

Херој е само оној кој јасно ќе даде до знаење на широките народни маси и тоа прв пред сите дека – човекот понекогаш и намерно згрешува. Но, и дека гревот мал или голем, е сепак грев и уште почовечки е ако тој што згерешил, за да не изгори да собере храброст, да си признае, но некој предходно да му вети дека половина од признаениот грев веднаш ке му биде простен. Колку повеќе се фокусирам се помалку го гледам тој профил на херој на моето време зарем со потерница ќе се бара? Или можеби, во еден политички одблесок од виножито на сите оние црно, бели, сиви и обоени во сите бои, сами ќе истапат како херои ќе се идентификуваат, легитимираат ќе кажат јасно и гласно дека никој од нив хероите Македонски, ама баш никој не е совршен. Доблест или човечност, силен карактер или можеби херој по род е оној кога сам ќе истапи изусти “Прости ми боже, прости ми мил мој Македонски народе и јас погрешив во минатото и како вас можеби и во иднина ќе згрешам“. Ете таков е дел од профилот на херојот на нашето време кој секако треба да очекува по признанието една половина Бог, а друга половина на гревот народот да му ја прости . При делбата на гревот како делба на лебот наш насушен ќе остане по некоја трошка грев како работа за Македонската палата на правдата со нагласената првична презумкција на невиност за сите учесници.

Дотогаш, и актуелниот синоним за Правда, СЈО, ќе ја има во предвид реалната аномалија и испревртеност на рабтите, бидејќи му се се суди на оној кој треба да суди. СЈО треба да си признае дека Правдата и пред нивното постоење била : глува, слепа, гломазна, нестручна .. секаква. но го носела префиксот ПРАВДА .. Единствена неправда потврдена низ вековите останала само задоцнетата премногу пролонгираната .. одложувана .. закочувана .. блокирана. Ете, само таа г-ѓа Правда останала најголема НЕПРАВДА.

Ова е време на мавање со дрва и камења, ова е време на линч и одмазда, ова време се стреми да му дозволи на злото, зло да си роди..

Во нашиот ограден свет за себе, јас не патам од авторитети, не ми се потребни ниту лидери и знам дека ова не е некоја Скандинавска земја но сепак не сакам вештачки импути на уште повештачка, насилна политичка мимикрија.