КОЧАНИ: Антура, една сосема поинаква фабрика

Кочани, 10.11.2019

Фабриката Антура лоцирана во Кочани деновиве ја прослави петгодишнината од постоењето и успешното работење. Таа е странска инвестиција, а ако сте помислиле дека се работи за конфекција или нешто слично на тоа сте се излажале. Антура е единствена фабрика за производство на саден материјал. Проиведува две врсти на цветни садници-Орхидеја и Антуриум.

Во Антура работат 500 работници, а на почетокот од идната година таа бројка ќе се зголеми за нови 100 до 120 лица.

GODUSOVSKI-SSTOLEСтоле Гугушовски како директор стои на чело на Антура. Ја води од првиот ден, од 2014 година кога започна со работа. За istokpress.mk вели:

-Се работи за нов вид работа во регионот за што менаџерскиот тим беше на обука во Холандија и во Кина додека операторите ги обучувавме тука, во самата фабрика. Нашите млади луѓе се интелигенти, бргу ја сватија работа, најголем дел од нив успешно ја поминаа обуката и добија решенија за работа, вели Гугушовски.

Гугушовски укажува дека целокупното производство е за извоз, а најголем дел од производството оди во сестринската фабрика во Германија на аклиматизација зашто во фабриката во Кочани растат во прилагодена лабораторија. Всушност растат од хранлива подлога.

74673282_558625724709189_9203470893571899392_n-Се работи за процес кој трае долго, од иницијација до пазар поминува од 18 до 24 месеци. Сепак нарачките ги добиваме на време па ние денес знаеме колку и за каде ќе произведуваме во наредните пет години. Бидејќи нарачките растат, во овие наши 24.000 метри покриен простор од почетокот на идната година ќе работат над 600 работници, појаснува Гугушовски.

Антура е интернационална компанија за производство на саден материјал и покрај фабриките во матичната Холандија има фабрики уште во Германија, Кина и во нашата држава.