КОЧАНИ: Гореа четири возила на КЈП „Водовод“

Кочани, 10.11.2019

Синоќа, околу 19 часот во стопанскиот двор на ЈКП „Водовод“ во Кочани избил пожар во кој изгореа неколку возила од возниот парк на кочанското комунално јавно претпријатие.

Според информациите на Територијалната противпожарна единица – Кочани, станува збор за поголема интервенција во која поради запалување на резервоарот на едно од возилата дошло и до експлоазија. Единицата интервенирала брзо со две противпожарни возила, по што за кратко пожарот бил ставен под контрола.

PK01Огнот зафатил трактор, ѓубрарка, камион и дигалка „ивеко“, од кои едно е целосно опожарено и нефункционално.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев соопшти дека пожарникарите спречиле несреќа од многу поголеми размери и последици.

– Ќе почекаме да се утврдат причините за пожарот, но ова е уште една потврда за ризикот што го носат старите комунални возила со кои работи „Водовод“, поради што ќе продолжиме со поинтензивно обновување на возниот парк – изјави Илијев.

Увидни екипи од Министерството за внатрешни работи ги истражуваат причините за пожарот.