КОЧАНИ: Општината подари компјутери

139

Кочани, 05.02.2018

Советот на Општина Кочани донесе одлука со која на трајно користење даде седум преносни компјутери, сопственост на Општина Кочани.

По еден лаптоп добија основните училишта „Свети Кирил и Методиј“, „Никола Карев“, „Раде Кратовче“, „Малина Попиванова“ и „Крсте Мисирков“, а два Полициската станица од општа надлежност – Кочани, по доставено службено барање од оваа институција.

Преносните компјутери се ист модел, произведени 2013 година.

По преземањето на функцијата, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, се соочи со нерационални набавки извршени на крајот на претходниот мандат. Една од нив беше набавката на 24 компјутери, за кои Општината сè уште ги сервисира обврските кон набавувачот.

(љ.а.)