КОЧАНИ: Се подобрува руралната инфраструктура во селото Тркање

Кочани, 12.01.2019

Општина Кочани доби 1.968.735 милиони денари за подобрување на полскиот пат во месноста Кривулица, во атарот на селото Тркање. Средствата се одобрени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  и  се наменети за руралната инфраструктура односно за подобрување на пристапот до обработливи земјоделски површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.

Полскиот пат во Кривулица води од излезот на Тркање кон селото Облешево и поминува низ оризови ниви, преку патот до село Бања, па сè до катастарската граница со Oпштина Чешиново-Облешево.

–Патот е долг 1,2 км, широк е 3,5 метри и е во многу лоша состојба. Земјоделците чии парцели гравитираат во овој крај е единствен полски пат, но поради состојбата во која се наоѓа им создава проблеми, поради што беше ставен на листата на приоритетни полски патишта – информираат службите за уредување на градежно земјиште од Општина Кочани.

Одобрените средства се наменети за чистење, пoрамнување и тампонирање  на полскиот пат со што ќе се надминат проблемите што ги имаат земјоделците од овие две општини. Подобрувањето на руралната инфраструктура во Кривулица е дел од проект на Центарот за развој на Источниот плански регион, аплициран до Министерството за земјоделство.