КОЧАНИ: Тенисерката Колева доби стипендија за спортска надеж

64

Кочани, 10.04.2018

Даниела Колева, членка на Тенискиот клуб „Акватен“ од Кочани ја доби општинската стипендија  за спортист-спортска надеж на општина Кочани. Таа чест на младата, надежна тениска надеж на Македонија и припадна за учество и остварени спортски резултати на национални и меѓународни спортски натпревари во 2017 година.

Daniela Koleva. jpgМинатата година Колева се натпреваруваше на сите турнири организирани од Македонската тениска федерација во категориите од 16 и 18 години, како и за сениорки, и назавршните ранг-листи на МТФ е меѓу првите десет во сите категории. Колева успешно го претставуваше Тенискиот клуб „Акватен“ и на пет меѓународни ITF- турнири за јуниорки до 18 години и на два од нив оствари победи во првиот круг од турнирите.

Стипендијата чиј износ е 3 илјади денари Колева ќе ја прима за период од шест месеци во тековнава година, почнувајќи од април па до септември.

Парите за стипендијата за спортист-спортска надеж се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.