КУЛТУРАТА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА: “ПОЕТИТЕ ГО ЗНААТ СВОЈОТ ДОЛГ”

Охрид, 15 април 2020

Во време на ограничено движење и собирање луѓе, кога сите културни институции ги затвораат своите врати, никнуваат иницијативи, со кои се потврдува безвремената порака на словенечкиот автор Ото Жупанчиќ: “Го знаеш ли поету својот долг” (Veš, poet, svoj dolg?).

Oхридскиот алтернативен културно-информативен центар „Култура 365“ го започнува проектот „Култура во време на пандемија“, кој ќе се спроведува во наредниот период согласно условите кои произлегуваат од новонастанатите вонредни состојби.

93409552_2656649834554307_3642958000240459776_nПочнувајќи од 15 април, љубителите на книгата ќе имаат можност да добијат бесплатен пакет од три книги: романот „Премин во маглата“, збирката раскази „Сто години копнеж“ и публицистичкиот труд „Македонци, А. ден Долард и други Холанѓани“ од македонскиот писател и публицист  Мишо Јузмески.

Останете дома и бидете со шеесетина поети од 15 земји. Овој пат, покрај Ива Сантини, ќе води и Ѓорѓи Калајџиев, додека вмрежените поети, ќе ги следите во живо на You Tube, појаснува еден од организаторите, Иван Шпања Шпањиќ.

Заинтересираните љубители на книгата, бесплатниот пакет со книги можат да го добијат на својата домашна адреса, додека нарачката може да се изврши со доставување на името и точната адреса преку електронска пошта на следнава адреса: itvo@t.mk.

Трет  Меѓународен поетско – музички “Прозорец кон светот”

Во организација на Хртватското Книжевно Друштво и познатиот поет Валерио Орлиќ, во сабота, 18 април, со почеток од 18 часот, се организира Третиот Меѓународен поетско-музички “Прозорец кон светот”.

93376000_252952415826602_3146442373320409088_n-Ова,веќе,постанува традиција на која не и се гледа крајот, или барем додека не заврши оваа глобална криза. Бидете со нас, со поезија, музика и добро другарување. Навистина е виртуелно, но тоа е токму она што ни треба во оваа изолација и ова тешко време на социјално дистанцирање.

Плакатот за манифестацијата го направи Искра Панева, која пораката ја испраќа на начин што прикажаната девојка гледа низ прозорецот, а не во книгата.

Валерио Орлиќ,  е основач на Хртватското Книжевно Друштво, уредник на литературното списание “Крик”, како и член на колегиумот на списанијата “Книжевно перо” и “Задарски книжевен летопис”. Орлиќ е голем вљубеник во Македонија, чест гостин на книжевни манифестации, како “Караманови средби”, “Струшки книжевни средби” и други.

Носител е на македонски книжевни признанија, ”Струшко слово” (2015) и “Слово “- Битола (2016). како и на балканската награда за поезија “Ацо Караманов” от 46.  издание на “Карамановите срдбии на поезијата” (2019).

Во местото Повљана, на островот Паг, Хрватска, ја организира Меѓународната уметничка  колонија “Ријеч у камену” (“Збор во каменот”), на која учествуваат поети и ликовни уметници од Македонија.

Македонските поети, ова лето, ќе му приредат поетски портрет во Охрид, во рамките на познатата манифестација “Охридска научна визита”, на Македонската академија на науките и уметностите.(МАНУ).

Веле Митаноски