„Култура 365“ од Охрид, покажа дека дометите на алтернативната култура можат да бидат високи и плодотворни

Охрид, 15. Август 2019

– Охридскиот културно-информативен центар „Култура 365“ со несмален интензитет и со активности скоро секоја вечер, продолжува да ја спроведува манифестацијата “Летни уметнички ноќи на улицата Самоилова” (ЛУНУС).

Досега продефилираја бројни личности одсветот на културата и уметноста од земјата и светот,а синоќа беше претставена книгата „Растајнување на светлината“ од Дијана Петкова.

Q03 Поетесата Дијана Петкова е родена и живее во Скопје каде дипломирала на Филошкиот факултет на групата Македонски јазик со историја на книжевностите на југословенските народи.

Има објавено десетина книги со поезија.

Q02Нејзината најнова книга „Растајнување на светлината“ во рамките на ЛУНУС ја претстави Јулијана Величковска.

Книгата опфаќа поезија во стилот на хаику.

Во интерактивниот перформанс, говореа и други поети и прозаисти, како Славе Горго Димоски, Мишо Јузмески, професор Д-р Димитар Пандев и други.

В.М.