Куќа Уранија – МАНУ Предавање тема: ,, Никола Милош Миѓени и Кочо Рацин – поетска паралела на двајца социјални поети’’, на академик Синан Шабани

Охрид, 25 јули 2019

– Во рамките на годинашнава програма од манифестацијата на МАНУ  – “Научно уметничка визита Охрид 2019”,утре вечер,од 20,00 часот,предавање на тема: ,, Никола Милош Миѓени и Кочо Рацин – поетска паралела на двајца социјални поети’’, ќе одржи академикот Синан Шабани, афирмиран  албански научник од областа на книжевната наука, етнологијата и антропологијата.

Ова предавање успешно се  надоврзува на ативностите во соработката на македонската и албанската акдемија, по минатогодишното предавање што го одржа академик Васил Толе, потпретседател на Академијата, на тема: ,,Албанската исо-полифонија во светот’’.

Годинашниов избор на темата од компаративната книжевност на класичните поети Коста Рацин и Никола Ѓерѓ Миѓени, во македонската и албанската литература, претставува мошне значаен настан во македонско-албанските книжевни и културни врски.

Академик Шабан Синани, научник со значајна меѓународна репутација – во Албанија и во светот, во своите научни истражувања и студии од областа на клучни балкански теми, сведочи за прашања кои се посебно својствени за албанската книжевност и култура, засновани и врз автентични и длабоки архивски истражувања.

Тaкa, тој на посебен начин, ја збогатува современата книжевна мисла низ современ третман на митовите и легендите.

Негови клучни трудови од оваа област се објавени на повеќе јазици во светот.

Посебно се ценети неговите монографии за ,,Албанците и Евреите’’ (2014), објавена и на англиски јазик, како и книгата  ,,Еврите во Албанија:прифаќање и спасување’’. Академикот Шабан Синани се смета за еден од најавторитетните толкувачи на делото на Исмаил Кадаре. Неговата монографија ,, Книжевноста во тоталитаризмот и Досието К.’’ ќе биде објавено и на француски јазик.

Делата на академикот Шабан  Синани ги одликува извонредна и функционална ерудиција, компаративна прегледност и ширчина. Така само едно од неговите дела под наслов ,,Мостови и тврдини’’, најдобро сведочи за ориентирите на неговото творештво.

Идејата на академикот Синани да се определи да трага по поврзувачките нишки на големите Рацин и Миѓени, претставува евидентен  научен и творечки напор да се сведочи за нивната оригиналност и заеднички социјаални визии во времето на еден вознемирен Балкан.

Академик Шабан Синани, со својата научна парадигма и креативна паралела – Рацин – Миќени, вградува уште еден цврст камен во ,,тврдината’’,  чиј врв гледа кон мостот на  севкупните македонско-албанските односи.

Веле Митаноски