Лена Бела со изложба во Радовиш

Радовиш, 06.06.2017

Во Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш синоќа беше отворена изложба на слики од уметницата Лена Ѓуриќ, во уметничкиот свет позната како Лена Бела која живее во Штип.

На изложбата Лена се претставува со 22 дела насликани во маслена техника на платно.

Lena, Zarinski, PetrovСтаној Петров, директор на библиотеката со пригодно обраќање ги поздрави бројните присутни љубители на уметноста од градот на бакарот и на тутунот, а за   уметничката визура на сликарката Лена говореше новинарот Зоран Зарински.

… И сами почитувани присутни, ќе забележите дека сликите на Лена, парижанката од Македонија, се исполнети со наративни содржини. Нејзините слики се колоритни, полни со лесно воочлива симболика и како такви стануваат блиски до секого. Секоја од сликите на Лена Бела ја раскажува својата специфична приказна, рече Зарински.  Тој уште посочи дека од сликите на уметницата извира длабокото море на емоции, при што Зарински потсети дека токму емоциите се вредност без која ниту една личност не може да се нарече уметник ако истите ги нема.

Сликарката со одбрана зборови се заблагодари на присутните искажувајќи ја својата почит кон Радовиш и радовишани што во толкав број дојдоа на еден културен настан.