Македонско друштво “Илинден” ги повика Македонците во Албанија масовно да гласаат во сабота

Охрид, 07. 12.2016 2016

 Македонско друштво “Илинден” од Тирана ги повика сите Македонци во Република Албанија што се пријавени за претстојните предвремени парламентарни избори во Република Македонија, да го искористат избирачкото право и масовно да излезат на гласање.

Изјаснувањето  ќе можат да го остварат во Амбасадата на Република Македонија во Тирана, на улица “Кавајес’’ број 116 – соопшти Друштвото, преку својот електронски весник на македонски јазик, “Илинден”.

Во Тирана, Република Албанија, гласањето за предвремените парламентарни избори во Република Македонија ќе се одржат еден ден порано, во сабота 10.12.2016 година, во времето од 7 часот наутро па се до затварањето на гласањето во 7 часот навечер.

Право на глас имаат сите кои се пријавија за гласање во изминатиот период, а на денот ќе се гласа со македонскиот биометриски пасош, или лична карта бидејќи само така ќе може да се остварите правото на глас.(с.б.)