Мала група пребогати, средна класа нема, сиромашните на колена

Штип, 24.11.2016

„Во Македонија денес се живее најлошо. Државата е узурпирана од една политичка структура, од фамилија. Политиката на ВМРО ДПМНЕ е прочитана-една мала група енормно се богати, средната класа изумира, а сиромашните се на коленици. Во 2005/6 година бевме кандидат за ЕУ и НАТО, многу пред Хрватска, БИХ, Албанија, Косово, Србија но и некои европски држави. Медиумските слободи се рангираа на 36 место, денес сме на 116-то место. Денес сме на врвот по корупција, сиромаштија, невработеност…

Ова, на средбата на здружената опозиција со инвалидските пензионери одржана денеска во Штип го рече Владимир Милошев, претседател на ОО на СДСМ и кандидат за пратеник во третата изборна единица.

Според Милошев со Македонија десет години владее најкорумпираната власт во нашата исгорија.

„Владеачката партија десет години ги лаже, ги корумпира пензионерите. Тие се фалат дека ги зголемуваат пензиите, иако законска обврска е пензиите да се усогласуваат на секои шест месеци согласно зголемените трошоци на живот и зголемените плати. Да беше така денес и пензиите ќе беа поголеми“, посочи Милошев. Тој додаде дека кога по 11 декември СДСМ со коалицијата ќе ја превземе власта, усогласувањето на пезниите ќе биде согласно законот.

Милошев уште потенцира дека млад човек откако ќе дипломира на факултет ќе добие работа во рок од четири месеци. Но…-„На македонското стопанство му фалат квалитетни стручни кадри, нив ги нема бидејќи владеачката партија, за да прикаже дека се намалува бројот на невработени, сите млади ги прати на факултет. –„Конфекциите кои најмногу враборуваат ќе добиваат субввенции за да можат да инвестират во оспособувањето на квалитетен кадар за свои потреби“, рече Милошев.

Илија Николовски, претседател на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) појасни дека пензионерите се најмногу лажената структура во државата. – „Кога ќе ја превземеме власта ќе го вратиме законот за усогласување на пензиите , ќе извршиме консолидација на пензискиот фонд за да не дојде во прашање исплатата на пензиите, ќе донесеме закон со кој пензиите на луѓето кои нив ги стекнале по пат на инвалидитет да бидат исти со пензиите на старосните пензионери“, нагласи Николовски.

Првиот човек на ПОПГМ, генерал во пензија, вети дека како нова власт тие ќе поработата на можноста да се воведе принципот на наследни пензии. Тоа значи дека ако еден од брачните партнери почине, дрругиот, додека е жив, да може да ја ужива и пензијата на својот животен сопатник.-„Тоа е вековна пракса во многу развиени земји“, нагласи Николовски.