О Мевлем на рана :“Вардар” ја обедини Македонија!

Охрид, 05.06.2017

Пишува: Веле Митаноски
Пишува: Веле Митаноски

Токму навреме, кога исчекоруваме еден нов почеток и се обидуваме да излеземе од калта на разединетоста, да го залечиме раскинатото македонско ткиво, како мевлем на рана, дојде искачувањето на Вардар, на македонскиот ракомет и Македонија-како држава на европскиот ракометен Олимп.

Утре, хероите се симнуваат од кај боговите и се  враќаат во Македонија!

Уште нестигнати сите им подготвуваат пречек. Македонија синоќа славеше, ечеше по плоштадите, километарски колони возила ги исполнија булеварите, со високите децибели на сирените и развиорените знамиња.

Македонија е третата држава, по Шпанија и Словенија со титули и во двете конкуренции (Кометал ја освои титулата во 2002 година ).Вардар е единствениот тим во Европа чии екипи (машка и женска) играле финале во ЛШ. Ракометарите на Вардар со триумфот над ПСЖ, ја освоија европската круна и обезбедија место на Мундијалот за клубови, кој ќе се игра во Доха.

Победата на Вардарци, дојде во вистински момент, за некого во “пет до 12”, за некого во “пет после 12”!? Да, во нијансите се модата и ѓаволите, но Македонија славеше, сеедно дали со државните, или партиските знамиња, или со знамето од Кутлеш!? Победата дојде како мелем на рана, па и какви да им се побудите на славениците,  Македонија славеше! Некои посакаа тоа да го сторат кај, (извини Тричко) Триумфекалната капија, некои под ташаците на Букефал, но, сепак, сите беа на плоштадот “Македонија”!

Западот не ја измислил попуста флоскулата: “Македонска салата”, или како што велат Германците :Macedonise custende!

Македонците сакаат на победникот да му дадат се! И во спортот и во власта.Таа “направија” ја измислија сдсмовците, ја усовршија вмровците! Како што пицатата ја измислија Италијанците, а ја “усовршија охриѓанците”!?

Коце, наш Вардарски, побрза да порача како Скопје се радува на новиот европски шампион во ракомет, клубот Вардар, чии ракометари ќе бидат дочекани со спектакуларна прослава на плоштадот „Македонија“.

Коце, дури и задоцни, со повикот: „Град Скопје во вторник ќе го организира пречекот на нашите шампиони”.Никола и Боркица, отидоа на самото место, за да ни испртатат едно селфи  од  Ланксес арената, радосни како средношколци во доцна фаза од пубертетот! Без владиниот фоторепортер, без авиончето што му го купи Горан од СДСМ, само со Бетмен, кој “велит” дека  oд спортскиопот храм… во Келн вршел директен пренос! Бетмен “вршит”, “заш така требит”! Не врши на гумното коњот кој е најсилен и најпаметен, туку само оној кој ќе го фатат!?

Славеа и медиумите. Тие се вистинскиот одраз и вистинската слика за прославата. Влезете во било кој агрегат на вести, ќе го видиите бројот на славениците со државни и оние со партиски знамиња. “Курирците” се во дефанзива, на прсти од една рака можат да се избројат оние кои во прв план го ставија селфито на Никола и Боркица и телеграмата на екс-премиерот. А само последниот “Курир”, славеше со насловот: ВИДЕО: „Излези момче“!

Македонија се менува, во една експлозија од воодушевување и душевно олеснување, се прочистува како сино небо после силно електрично празнење. Македонија слави, и нека слави, белким во славата ќе се обедини. Македонија сега е во можност да ги обедини двата пола, Заев го вето тоа, го покажа со својата голгота, рече: “да го држиме за збор”!

Заев: “Браво момци, Македонија се гордее со вас! Победата ќе биде врежана во меморијата на ракометот и на спортот во Македонија како пример за генерациите што доаѓаат, дека се е остварливо низ тимска работа, упорност и посветеност. Имам силна верба дека ова е само почеток на успесите што ќе се множат, во ракометот, во спортот и во животот во Република Македонија“,

“Види богати” и Груевски напиша: “Браво момци” Вардар од Македонија Европски шампион!

Правописните и јазични грешки ќе му ги простиме, не е моментот да се бара влакно во јајце!Ако ништо друго, Зоран и Никола се најдоа конечно на едно те “сашто”: “Браво моци”!

А, кога веќе се најдоа, сега нека си подадат рака, славјето да го направиме заедничко, единствено. Знам дека на Никола му е неспоредливо попотребна славата, затоа и отиде во Келн, за да може колку што е можно помеко да го спушти авиончето, да не заринка на нос, барем пред своето членство, да не пукне балонот – ако може постепено да се издишува!

Затоа, пак Заев треба да биде поголем, да му го дозволи тоа, после секој на својот пат. Фрли му ракавица на боксерот од мува категорија, а после тоа фрли му го на Зврлески, на Катето, Ленче и Фатиме! Секому според заслуженото: Некој “узводно” од плоштадот “Македонија” кон некогашните коцки на Вардар, некој низводно, од Трумфекалната  кон Идризово – низ фекалиите на Вардар!

Заев му подаде рака на Зврлета, да замине чесно-со оставка.Доволно беше, одтука натаму и нему и на Грујото местото им е на буништето на историјата, таму нека одговараат пред судот на историјата, тој е многу пострашен од “Сваровски” судството!

Заев треба да покаже големина, како што тоа го стори кај пребледениот и вкочанет Хорхе! Сите аналитичари мудруваа по екраните дека тоа “нечестивиот” не го заслужува, дека е тоа понижување на Заев. Јас пишував дека е обратно. Заев беше насмеан, Хорхе беше посран гулаб! Моето писание беше: Хорхе да си ги види срамот и бедата, на челото на Заев!

“Имам лузни на лицето, ќе поминат. Сериозни луизни останаа во општеството, за нив треба време за да поминат!” – рече идниот премиер, ноќта спроти 1 јуни.

Усраниот гулаб, не му рече, ама јас видов како немушто изговара: “Честито рани јуначе!”. Повели -мандатот!Заев се насмеа, усраниот потона во сопствените фекалии:Само последниот најслатко се смее!

Што ќе останеше од христијанството ако не беше Голготата!? Секој си го носи својот крст. На 27 август, пред 4 години, во  Утрински весник озаглавив колумна: ГРУЕВСКИ ЌЕ НАПРАВИ ОД ДАБ СВИРЧЕ! “Разби ра се”- поентата беше во свирчето!

Еве го цитатот: Дојде моментот за соочување со реалноста. Не може до недоглед да се одлага признанието дека фамозниот 24 декември беше лош ден за Македонија – сеедно кој прв почнал. А власта е таа на чии плеќи ќе падне одговорноста. Кога тогаш. Направен е невиден преседан со „изнесувањето“ на пратениците, а особено новинарите. Власта се прецени и сега Груевски е во ситуација кога мора да прави – од даб свирче! “.

И го направи, затоа што кога одеше нагоре во височините, воопшто, не мислеше дека ќе мора и да се враќа – назад на земјата! Сега е моментот, кога Заев ќе му го свирне вториот жолт картон! Мирно, на отворена сцена, во негово присуство, во моментите на македонскиот спортски и сеопшт триумф. Одсекогаш сум пишувал, а и верувам, дека таму некаде високо, има некој, чија “долга рака” (омилен збор на Груевски!), ги посложува коцките, овде долу!После се што поминавме, да го испратиме груевизмот и зврлевизмот, како еден долг, кошмарен сон!

Паднаа сите маските, доѓа еден нов “Летен сон” од Калдерон! Македонија со својата голгота го пробуди светот, му ги отвори очите, со новата диоптрија: демократијата да ја гледа појасно од фингираната (не)стабилност!? Коцијас се јави прв да каже дека “не ни чинел кумот!”, побрза да ја испрати поканата, за да може министерот Димитров, да патува со брз воз за Атина (оние од “Жутите” се само декор и колку да направат перцепција дека се движат: мојата асоцијација – “Нишање на возот!”), за да го претстави таму “новото лице на Македонија!”. Ова читајте го и преносно-фигуративно и буквално! Од преку Големата бара, доагаат вести дека Трамп Војводата, од есен, за амбасадор ни го праќа Брус Ли (Хојт Ји)  за “туристички “ да се рашетува – од “Илинденска” до несреќникот од Долно водно!

Со доагањето на Ли заминува автократијата, зашто дојде време  и во нашата жална Македонија, весниците да ги читаме од крајот,(спортот) – таму се пишува за триумфите!На првите страници, веќе цела деценија беа – промашувањата!?

Светот е мал, само едно глобално село! Македонците Кирил Лазаров и Борко Ристевски (“Барселона”), беа поразени од Шпанците: Душебаев,Штербик,Кањалес, Македа и тренерите Гонзалес и Парондо.Тука нема ништо чудно, Македонија ќе биде дел од тоа село!

“Ние сме шампиони, цела Македонија да биде горда“, порача тренерот Раул Гонзалес Гутиерез, на македонски јазик – со шпански акцент.

“На „патриотите“ не им пречеше што кај шампионите некои беа со туѓи државни знамиња. На „предавниците“, пак, не им ја расипа победничката еуфорија што зад Вардар стои Самсоненко, „гуд френд“ на Фамилијата! Е толку треба – европска победа”!?( Јадранка Костова)

Вардар ја обедини (ракометна) Македонија, одсега весниците ќе ги читаме од последната (спортската) страница!?