Многу гости за Католички Божиќ во Охрид

Како увертира за новогодишните празници, Охрид викендов е во празнично расположение, со полни тераси на кафулињата и рестораните, шеталиштата, тесните калдрмосани улички во старото градско јадро.
Празничната атмосфера ја создадоа бројни туристи Грција, Бугарија, Албанија и Црна Гора и други земји, дојдени тука да го прослават Католички Божиќ.
Хотелиерите им понудија прифатливи тридневни пакет аранжмани.
ohrid03 ohrid02Крсте Блажески – Крис, претседател на ХОТАМ и менаџер на хотелот “Дрим” во Струга, вели дека хотелските капацитети на охридско струшката ривиера се исполнети над 90 проценти, главно со гости од соседните земји.
Бугарските туристи, покрај приватното сместување и натаму го преферираат хотелот “Силекс”, додека во “Гранит”, покрај од Бугарија, гости има и од Италија, Србија и Црна Гора.
Сончевото и за овој период топло време преку денот, на гостите им оди прилог, а на градскиот плоштад “Св. Климент Охридски”, се одвива програма во живо, во рамките на новогодишниот пакет.
Локалната власт, центарот на Охрид го украси, така што навечер прилега на вистинска бајка, само уште дедо мраз, да донесе и снег за новогодишната ноќ и празниците, за кои хотелиерите очекуваат речиси целосна исполнетост на капацитетите.
(Фотографиите се позајмени од Милчо Георгиевски)