Најуспешните на истокот промовирани во најубавиот туристички центар Аурора на Беровско езеро

Штип, 25.07.2020

Манифестацијата „Најдоброто од истокот за 2019 година“ која е во организација на Регионалниот центар на новинари „Исток“ во состав на ЗНМ го имаше свое финале синоќа, во величествениот амбиент на најдобриот туристички центар во државата – Аурора на Беровско езеро. На отворено, под ведрото ѕвездено небо, на науспешните од регионот во повеќе категории свечено им беа врачени признанијата.

На настанот присуствуваа и пред присутните се обратија Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ и градоначалниците на Штип-Благој Бочварски, на Виница – Ивица Димитров, на Берово Ѕвонко Пеќевски и на Пехчево – Драган Танчовски.

Признанијата беа додели на:

-Едукативен центар Негрево – за најдобра невладина организација:

-Женски фудбалски клуб САСА, Македонска Каменица, првак на Македонија, најдоброто во спортот:

-Горан Огнановски, в.д.директор на КИЦ Романса, Македонска Каменица, за најдоброто во културата:

-Фабрика Антура, Кочани – најдобро во стопанството:

-ПЗУ „Златко Стојменов“ – Штип, најдобро во здравството:

-Хотел Сан Рајс – Делчево, најдоброто во хотелиерството,

-Горан Ивановски, директор на ООУ „Славчо Стојменски“-Виница, најдоброто во образованието:

-Амбасада на Јапонија во Македонија-докажан пријател кој го поддржува регионот:

-Трајан Анѓелов, генерален менаџер на Квенбергер Логистик Македонија-менаџер на годината:

-Општина Виница е прогласена за Град на културата:

-Општина Штип го доби признанието за Град на хуманоста:

-Проф.д-р Трајче Стојанов е првото лице во науката во регионот:

-Проф.д-р Ванчо Чифлиганец, за афирмација на регионот во државата:

-Зорица Нушева, актерка, признание за улогата на Петрунија во филмот „Господ постои, името и е Петрунија“:

-Благој Веселинов, актер од Кочани, за главната улога во филмот Исцелителот:

-Киноверзум, Свети Николе, за придонес кон создавање услови за афирмација на филмската уметност:

-Чедо Петров, Пробиштип, за општествено најодговорна личност.

Настанот се одржа на отворено, на преубава ливада, при што беа спазени сите протоколи во однос на пандемијата од Ковид 19.

Наградените со бирани зборови се заблагодарија за добиените признанија и укажаа дека и во иднина ќе го дават најдоброто од себе за просперитет на своите градови и општини, регионот и нашата држава.

Ова беше шеста по ред ваква манифестација при што досега се поделини 90 признанија.

Според Тони Михаилов, претседател на Регионалниот актив на новинари „Исток“, манифестацијата има за цел да им оддаде признанија на компаниите, институциите и личностите кои даваат значаен придонес за успехот на регионалната заедни, а со тоа и за добробит на нашата татковина.

Постхумно наградата за животно дело во новинарството му беше доделена на новинарот Драги Миланов од Свети Николе кој имаше плодна новинарска кариера, а почина минатата година.

Исклучително успешно и квалитетно манифестацијата ја водеа новинарите Тони Михаилов од Штип и Тања Велкова од Кочани.

Благој Бочварски
Бочварски, градоначалник на Штип
Др Златко Стојменов
Др Стојменов
ЖФК САСА
ЖФК САСА
Ангелов
Ангелов

 

Чифлиганец
Чифлиганец
Kиноверзум
Kиноверзум
Димитров, градоначалник Виница
Димитров, градоначалник Виница