Неверојатна мандолинска ноќ во Свети Николе

Свети Николе, 19.11.2017

Синоќа имавме ретка можност да присуствуваме на неверојатно убав концерт на мандолинските оркестри од Свети Николе и Сандански, Бугарија. На репертоарот, помеѓу останатите, беа и делата Билјана платно белеше, Овчеполка, За мојот град и Македонска игра на Кирил Трајков, кој половина век диригира со оркестарот „Свети Николај“ од Свети Николе. Беа исполнети и дела на Шостакович и бугарски автори.

koncert msu 3Концертот се одржа во амфитеатарот на МСУ „Гаврило Романович Державин“ пред околу 200 посетители. Меѓу нив беа и љубители на овој вид музика од Штип, Куманово и Велес. Големата посетеност за ваков вид концерти во Овчеполската престолнина уште еднаш ја докажа големата улога која во културата на овој град но и на државата ја има мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ кој е сопственик на бројни домашни и европски награди. Од друга страна амфитеатарот и уметничката галерија на МСУ станаа една од важните точки на културата во регионот. Организатор на концертот беше локалната самоуправа, а на истиот присуствуваше и градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски.

KONCERT MSU -1

На концертот, пред околу 200 посетители, настапија мандолинските оркестри од Свети Николе и Сандански, Република Бугарија, кои исполнија композиции од Кирил Трајков, кој диригираше со двата оркестри, но и од Шостакович и од бугарски автори.  

KONCERT MANDOLIN MSUДвата оркестра самостојно исполнија по пет композиции, а исто толкав број композиции ги отсвирија заедно. Публиката со долготраен, повеќеминутен аплауз им се заблагодари на околу 40 музичари за прекрасното доживување кое им го приредија.

Ви донесуваме неколку фотографии од овој првокласен културен настан

(и.б.)