НИКОЛОВ: Најтешките последици од Корона вирусот по нашата држава ќе бидат врз економијата

Радовиш, 23.04.2020

Николајчо НИКОЛОВ, заменик генерален директор во рудникот за бакар Бучим-Радовиш, претседател на МАР-Македонска асоцијација на рударите, e гостин во денешното интервју за istokpress.mk на тема „Како работат и што мислат познатите стопанственици во време на коронавирус и ограничено движење“.

Г-дин Николов, како во рудникот Бучим се одвива работата кога имаме пандемија на една мошне заразна болест?

-Ќе потенцирам дека Бучим сеуште е единствениот рудник во нашата држава кој се бави со ископ и преработка на бакарна руда од која се добива бакар и злато.Ова го нагласувам со цел да потенцирам дека имаме точно определен и дефиниран предмет на работа,така да работењето и резултатите се определени и во услови кога владее веќе добро познатиот вирус Корона 19.Од друга страна,продажбата на нашиот готов  производ (бакарен концентрат и катоден бакар) се одвива со одредени  но решиви потешкотии. Цената на берзата е релативно ниска,но сеуште поволна,особено ако се има предвид дека во овој кризен период цената на електричната енергија и нафтата на светската берза значитело паднаа, а тие се значителна компонента во цената на чинење на готовиот производ.Одтука,платите на сите вработени редовно се исплаќаат со сите давачки.

Може ли да се извчече констатација дека и во ова тешко време реаботите во рудникот стојат добро?

-Апсолутно. Добрата организација во рудникот, како и нагласените погодности овозможија во овој многу критичен период Бучим да оставари релативно високо производство и реализација во месеците март  и април годинава. Во комбинатот ги превзедовме и ги превземаме сите потребни мерки за спречување на ширењето на вирусот Корона 19 и благодарение на дисциплината и мерките до сега немаме заболени, додека во градот Радовиш има регистрирано четири случаи на заболени кај кои, после завршената самоизолација, тестовите се покажаа негативни.

Во многу наши стопански колективи, големи, средни или мали сеедно, сопствениците говорат за намалување на платите поради нереализираното производство како резултат на корона вирусот. Како вие постапувате во овие моменти кон вработените?

Во овој период,согласно одлуките и упатствата на Владата на РСМ ние се потрудивме максимално да ги испочитуваме правата на вработените по основ на отсуства од работа поради потребите за нега на деца до десет години. Но, сакам да нагласам дека тука имаме и малку среќа затоа што бројот на ваквите случаи не е така голем зашто поголемиот број на вработени кај нас се мажи, а нашите вработени имаат мал број на мали деца до десет години. Кај нас нема никакво намалување на платите и во таа смисла се си е во границите на нормалата.

Мислам дека на почетокот кога се јави вирусот имавте проблеми со продажбата на бакарниот концентрат во друга држава?

На почетокот беше така. Ние бакарниот концентрат го продаваме во Бугарија, а во почетокот имавме одредени проблеми, но благодарение на добрите и брзи мерки на надлежните органи, особено на царината, здравството  и полицијата ова прашање се надмина и сега немаме проблеми,освен потребата за дисциплинирано и правилно однесување на возачите и превозниците.

Еден број луѓе и во самоизолација знаат да си го осмислат животот, други пак се жалат дека им станало неиздржливо. Како Вие ги поднесувате тие моменти?

-За себе сакам да кажам дека постојано имам малку време и никогаш не ми е досадно. Почуствував голема корист од тоа што имав малку повеќе време да се посветам на семејството и на себе. Во Скопје живеам во куќа со мал двор и најголем дел од времето го користам да го средувам него. Најмногусе релаксирам со садење цвеке зашто сме во пролетен период. Кога ќе падне мрак влегувам дома и се посветувам на гледање ТВ за да ги дознаам најновите информации, нешто читам и се одмарам. Семејното кафе со сопругата Биљана ми прави посебно задоволство зашто кафето секогаш е причина за дружење и убави семејни муабети.

Во кои услови го одржувате Стручниот колегиум. Ги почитувате ли мерките на претпазливост…

-Стручниот колегиум заседава секое утро. Тоа е неопходно заради квалитетна контрола на работата и сумирање на резултатите од производството. Со колегиумот раководи генералниот директор Васил Борутскиј. Држиме до препораката за дистанца. Колегиумот е и прилика да се видиме, да се прашаме за здравјето со кое овие месеци сите сме опседнати.

Но, сега, поради новите мерки за социјално растројание, ние преминавме на онлајн состаноци, а искуството ни покажа дека и така можеме да функционираме зашто се си се одвива безпрекорно. Во светот тоа е нормално,но ние во Бучим можеби сме поконзервативни и ги претпочитами личните и физички контакти. Доволно се познаваме меѓу себе и од погледот можеме да оценим кој како е.Јас лично ваквите контакти ги почитувам и ги сметам за корисни. Носењето на маски кај нас е обврзувачко за сите,така да најновата уредба за обавезно носење на маски за нас нема да биде некоја посебна новост.

Огромен број луѓе денес коментираат за корона вирусот, речиси сите знаат сé за оваа зараза. Кое е Вашето мислење по ова прашање?

-Не се сметам за стручен да дадам стручна оцена и мислење за Корона вирусот, тоа треба да им го оставиме на епидемолозите, но секако дека си имам мислење засновано на она што го читам и осознавам. Факт е дека Корона вирусот е едно од најстрашните заболувања во последните 100 години кој се појави во светот и доби светски размери. Ако е точнно тоа што го читаме дека Ковид 19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 вирусот од фамилијата на Коронавирус.првично откриен во Кина во декември  2019 година,како и податокот дека овој вирус е створен уште во  2015 година од страна на научници и преставува еден вид  биолошко оружје,тогаш не е јасно како побегна од контрола и се претвори во светска пандемија.

Како нашите здравствени власти се справуваат со ситуацијата. Задоволни сте или…

-Државата и здравствените власти постапуваат правилно, јас сум оптимист и сметам дека ако вака продолжиме здравствениот проблем ќе биде надминат,иако ниту јас ниту било кој друг сеуште не знаеме кога точно тоа ќе се случи. Мене како стопанственик особено ме загрижува економската состојба и  сметам дека тоа ќе биде најтешкото прашање.Нашата економија е слаба,недоволно организирана и со недоволно јасно потенциран потенцијал, поединечно и заеднички.Сигурно е дека ќе имаме значителен пад на економијата,а ми се чини дека немаме точно одредена стратегија како ќе се справиме со истата. Луѓето ги трошат и онака малите финансиски залихи и за мене особено страшна е можноста да дојде до социјалното незадоволство и немири. Ме загрижи прогнозата дека како последица на пандемијата во светот се очекуваат нови 250 милиони бедни и гладни луѓе. Од тие причини сметам дека нашата влада,без разлика на тоа кога ќе бидат изборите на ова прашање треба да му даде приоритет.

Аплаузите за медицинските работници ни целиот свет, што тие вам ви говорат?

Мое лично мислење е дека КОВИД 19 покрај лошите и тешки работи ќе допринесе да извлечеме некои поуки. Низ целата историја на човештвото докторите биле близу до светите луѓе и се поистоветувале со светците.Спасениот живот на човекот за семејството било и е голем дар. Модерниот, електронски живот не одалечи од реалниот живот.За нас стана нормално еден фудбалер, тенисер, боксер или друг врвен спортист да заработува милионски суми.Докторите станаа неважни.Но да се потсетиме што му рекот Берија на Сталин во екот на најголемата моќ и диктатура на Сталин:  „Стари,сега сватив дека само две работи во животот не можат со пари да се купат,а тоа се:здравјето и љубовта“.И ние денес почнавме да разбираме дека здравјето не можеме да го купиме,но докторите можат да ни помогнат да оздравиме.Од тука секоја чест на медицинскиот персонал кај нас и во светот кои своето здравје го заложија за другите.Секоја чест и јас, како и светот, за нивното благородно дело, преку ова интервју им посветувам најсилни аплаузи.

Ќе се смени ли нешто драмаатично во светот по крајот на пандемијата?

-Јас сметам дека после Ковид 19 во светот ништо нема да биде како порано.Ниту човештината,ниту здравјето,ниту бизнисот,ниту богатството. Ако природата и природните законитости ги создала некоја сила,тоа не значи дека ние имаме право да се однесуваме крајно небрежно,уништувачки и расипнички.Можеби оваа е една од последните опомени која ја добиваме,без разлика на тоа кој и како го створил овој вирус. Дали и тоа е „Божја промисла“ и опомена да се опаметиме.Да почнеме не само да земаме од природата туку нејзе и да и даваме, и тоа минимум соодветно колку земаме, односно повеќе да даваме отколку што земаме  и тоа секој и секаде. И електронскиот развој треба да успори. Мора да сватиме дека сите ние немаме резервна варијанта, планетата земја е нашиот единствен дом. И што е најважно: ниту животот ниту умирањето нема да ни биде лесно и едноставно. Да даде Господ Бог следната лекција да не биде така тешка и брзо како оваа.

Бучим беше еден од поголемите донатори на финансиски средства и помагала за справување со пандемијата. Кој Ви е мотивот за постојани донации?

-По повод епидемијата од Ковид 19 и светската пандемија,ние како Бучим во согласност со СОЛВЕЈ кој е наш сопственик, како општествена одговорна фирма, на светскиот ден на здравството дониравме 50.000 евра во фондот за здравство на РСМ. Од оваа сум се определивме 10.000 евра да донираме на Здравствените домови во Радовиш, Штип и Струмица. Ја користам приликата да го нагласам големото задоволство кои овие здравствени институции го искажаа во однос на  нашата помош. Ние како Бучим и Солвеј тоа го правиме бидејки сметаме дека покрај другото тоа е и наша обврска затоа што користиме добра-минерални суровини кои и припаѓаат на луѓето и природата.

Иван Бојаџиски