Одбележана годишница од смртта на Љупчо Арсов, Захариев го игнорираше настанот

1225

 

Претставници на боречката организација, на политичките партии СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОГПМ) како и граѓани, денес напладне ја одбележаа 30 годишнината од смртта на Љупчо Арсов, револуционер и општествено-политички работник. Настанот се случи пред спомен бистата на Љупчо Арсов која гордо стои во паркот пред некогашниот Работнички дом.

dsc_2469„Штип е горд што го имаше Љупчо Арсов, горд на неговото револуционерно и политичко дело, горд на  неговото семејство револуџионери, на неговите соборци Вера Ацева, Мара Нацева, Мара Минанова, Лазар Колишевски, Славчо Стојменски и други“, рече Петар Мицевски, секретар на Општинската организација на СЗБ од НОВ.

Љупчо Арсов, дипломиран економист, помеѓу другото бил и претседател на Владата на Република Македонија во периодот од 1953 до 1961 година.

Забележително беше отсуството на градоначалникот кој не се потрудил ниту да испрати делегација на Општината. Кога Мицевски започна да ги повикува делегациите да положат свежо цвеќе, а први ги повика претставниците на локалната самоуправа, не се јави никој. Се создаде една траурна атмосфера, а многумина се прашуваа зарем градоначланикот не можеше да издвои половина час од своето време, или, ако службено бил спречен, да испрати делегација…

Мачно, тажно и крајно неодговорно…