Општината Бујукчекмеџе од Турција, финасира изградба на училиште во Струга

Струга, 26. ноември 2016 (МЕТА) – Општина Струга започна да го гради новиот објект на О.У. „Браќа Миладиновци“, зафат што исцело го финансира општината Бујукчекмеџе, од Република Турција.

Камен-темелникот гопоставија градоначалниците Зијадин Села и Хасан Акгун.

Вкупната површина на објектотизнесува 1.300 метри квадратни покриен простор.

Современиот објект ќе располага со 13 училници, пет административни канцеларии и една сала за состаноци.

Идното училиште ќе го носи името на основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, кој има семејно потекло од селото Кочаџик, дебарско. (Крај)