Општина Штип се правда

25.11.2016

На вчерашната информација од прес конференцијата на Владимир Милошев, лидер на СДСМ кој поентираше со изјавата дкеа се вршела партиска пропаганда во штипските училишта, денес реагираше општина Штип

„Споменатиот лист хартија за кој тврдеше дека е партиска агитација во образованието е всушност извадок од Стратегијата за образование која ја подготвува МОН. Претставници на МОН на 9 ноември имаа презентација на Стратегијата во Општина Штип, при што беше побарано истата да биде доставена до родителите низ училиштата со цел да ја разгледаат и да дадат свои видувања по истата. Листот кој го покажуваше, не е никаков пропаганден леток, туку страна брј 29 од таа стратегија.  Ако г-динот Милошев ги следел настаните и пред се вестите, ќе знаеше за што се работи.

Го замолуваме господинот Владимир Милошев, да го остави образованието надвор од политичката кампања и следниот пат да се слика пред партискиот штаб а не пред ООУ Ванчо Прке, и да лови гласови на друго место. За да не бидеме погрешно разбрани, истото се однесува и на сите други политички партии и кандидати кои ги замолуваме да не ги вознемируваат и инволвираат наставниците и учениците во политички кампањи додека се на работното место и во училниците и да ги остават да работат на раат“, се вели во демантото на Општина Штип.