Дали општинските Здруженија на пензионери дале согласност за Меморандумот на Аргировски?

Охрид, 7. Декември 2016

 Претставници на пензионерите кои се противат на  Меморандумот за соработка со ВМРО ДПМНЕ, попишан од претседателотна Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски, денеска одржаа заедничка средба со раководството на Здружение на пензионери за општина Охрид и Дебрца.

Во писмениот поднесок и непосредниот разговор, тие нагласија дека мегу широкото членство на пензионери присутно е огромно незадоволство и отпор  кон постапките и одлуките на централното раководство во Скопје, а за што како пензионери се информирани од медиумите.

Десеилјадното членство на пензионерите во Охрид, е збунето и дезориентирано и бара одговор на прашањето дали претходно, во однос на Меморандумот, биле информирани и дали дале согласност органите на Здружението, како и двајцата делегати во Собранието на Сојузот?

Доколку Здужението не било информирано и не дало согласност, претставниците на незадоволните пензионери, побараа, најдоцна до почетокот на изборниот молк, Здружението јавно да се огради од Меморандумот со цел да се избегнат натамошни штети.

Тие предочија дека раководството на Сојузот, се повидливо ги напушта основните принципи и статутарната поставеност, со што ја губи независноста и самостојноста, а особено непартијноста и навлегува во водите на партиска пристрасност.

Исто така, побараа раководството, преку органите и медиумите во Охри, да го информирате повеќе илјадното членство, односно целокупната јавност во Охрид.

Раководството на Здружението, вети дека сите барања на незадоволните пензионери, ќе бидат разгледани на органите, но дури на предновогодишното Собрание, закажано за крајот на месецов.

Притоа, избегнаа да дадат одговор,  дали истата процедура ја спровеле и во врска со Меморандумот на Аргировски.(с.б.)