Партии се скарале и за новогодишниот календар !?

02.01.2018

Новогодишниот календар беше беше доволна причина за да ги скара и медиумски да се препукуваат опозцијата и локалната власт во општина Дебрца.
Опозициската СДСМ го обвини градоначаникот Игор Трајкоски дека се себепромовира во новогодишниот календар на општина Дебрца.
На сите страници на календарот се ставени фотографии од градоначалникот, кој забегано и во стилот на “народен водач и татко на општината ги прославува новите работни успеси за доброто на граѓаните”, се помајтапија од СДСМ.
Градоначалникот Трајковски, им врати дека, со ваквите обвинувања, “само го покажуваат нискиот политички морал и култура!”.
“Им порачуваме на СДСМ – Дебрца да го земат календарот на општина Дебарца и добро да го проучат, за да ги видат сите ветени и реализирани проекти и дејствија спроведени од градоначалникот Трајковски и од партијата ВМРО ДПМНЕ”, вели Трајкоски.
На календарот, секако, е и “најголемото достигнување” – изградбата на плажа на Охридското Езеро, во делот во кој со стотина метри, завлегува и оваа општина.
Колку пари се “истурени” за ова “архитектонско чудо” никој не кажува, ниту пак некој досега видел “жив” човек да се “плажира”, на оваа, како што ја крстија мајтапџиите – “Неумска плажа”!?

(с.б.)