Пациент на 28 годишна возраст меѓу 35 починати од ковид-19 во изминатото деноноќие

Пациент на 28 годишна возраст е најмладиот од 35те починати како резултат на компликации од ковид-19 во последните 24 часа. Највозрасниот починат имал 88 години, соопшти Министерството за здравство.

Од пријавените починати пациенти, 12 се од Скопје, 6 од Битола, 4 од Охрид, по 2 од Гевгелија, Куманово, Демир Капија и Кичево, и по 1 починат од Гостивар, Кочани, Виница, Велес и Радовиш. Сите 35 пациенти се починати во болнички услови.

Во изминатото деноноќие се направени 3.246 тестирања, а регистрирани се 734 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 313, Битола – 75, Куманово – 46, Прилеп – 38, Тетово – 36, Велес – 34, Гостивар – 26, Охрид – 24, Струмица – 22, Кавадарци – 19, Штип – 17, Кочани – 14, Гевгелија и Виница – по 10, Кичево и Неготино – по 9, Ресен – 8, Берово – 4, Радовиш, Делчево и Валандово – по 3, Свети Николе, Богданци и Дојран – по 2, Струга, Крива Паланка, Дебар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 621 оздравени пациенти од: Скопје – 330, Кавадарци – 40, Велес – 37, Тетово – 29, Штип – 25, Неготино – 21, Гостивар – 19, Битола – 18, Гевгелија – по 14, Куманово и Кочани – по 13, Демир Капија – 10, Пробиштип и Кичево – по 9 , Свети Николе – 8, Берово – 7, Пехчево – 6, Ресен – 4, Богданци – 3, Прилеп и Кратово – по 2, Виница и Демир Хисар – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.867, бројката на оздравени пациенти е 109.297, на починати е 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630.

Досега во земјата се направени вкупно 641.573 тестирања на ковид-19.