Перфектна изложба на Лена Ѓуриќ во Македонска Каменица

М.Каменица, 07.02.2019

Неверојатно посетено и перфектно организирано отворање на ликовна изложба имаше денес во Домот на култура во Македонска Каменица. Изложбата е поставена во салонот на Домот на култура, а организатор на истата е КИЦ „Романса“ како дел од оваа културна институција.

Најголеми заслуги за преубавото уметничко доживување кое го проследија стотина граѓани, ученици, рудари и пензионери од рударскиот град му припаѓаат на Горан Огнановски, директор на Домот на култура. Во негова режија изложбата беше одлично и со вкус поставена, а неговиот говор на отворањето беше вистинска опсервација на значењето на сликарството и на уметноста воопшто за животот на современиот човек. Огнановски со пиетет говореше за уметничкиот формат на Лена, нарекувајќи ги нејзините слики и нејзината изложба „најдобро нешто што во овој жанр се има случено во Македонска Каменица во последната деценија“.

И во Македонска Каменица Лена Ѓуриќ изложува 31 слика работени во техниката масло на платно. Меѓу посетителите на изложбата беше и Патрик од Танзанија, штипски зет кој со сопругата Дениција живее во главниот град на Кина Пекинг.

„Навистина сум одушевен од настанот, во толку мало место толку народ, пред се млади, да дојдат на отворање на една ликовна изложба. За сликите на Лена можам само да кажам дека се на светско ниво, ако ми се укаже прилика ќе се обидам да и организирам изложба и во Дра Ес Салам“, изјави Патрик.

„Ние сме мало место кое има публика за секој настан од културата. Годинава имавме 76 културни настани и на сите имавме добра публика. Посетеноста на изложбата на Лена, љубопитноста на публиката која два часа ги разгледуваше сликите, по којзнае кој пат ни докажа дека и малите места си имаат потреба од културни настани. Ние како Дом на културата и КИЦ „Романса“ планираме во 2019 година да имаме сто културни настани. Изложбата на Лена ќе ја задржиме најмалку 14 дена зашто таа ќе има оргфанизирани посети во ова време“, ни изјави директорот Горан Огнановски.

Истокпрес ви нуди неколку фотографии од културниот настан во рударскиот град.

B02B03B06B05