Понеделник, 27 август, во МАНУ-Куќа на Уранија во Охрид

25-години од приемот на Република Македонија во ООН и промоција на зборникот „За и од Киро Глигоров”

Охрид, 24 август 2017  – МАНУ и Дипломатскиот клуб од Скопје, во понеделник, 27 август, со почеток во 19 часот, организираат одбележување на 25-годишнината од приемот на Република Македонија во ООН.

Истовремено, ќе се изврши и промоција на зборникот „За и од Киро Глигоров”, а ќе б иде промовиран и најновиот, петти број, на списанието “Дипломатски летопис”.

Тоа е последната манифестација, со што завршува годинешната “Научна и уметничка визита Охрид – 2018”.

За Зборникот, односно одбележувањето на годишнината од приемот  во ООН, ќе зборуваат  Ахил Тунте, советник и долгогодишен соработник на претседателот Глигоров и амбасадорот Виктор Габер.

Ахил Тунте, мегу другото, разјаснува дека формулацијата привремено решение во врска со референцата, е на тогашниот генерален секретар Бутрос Гали, а не на Киро Глигоров.

– ОН, мегу другото, ја презедоа медијаторската улога за разрешување на постојаната разлика во спорот, наметнат од грчка страна, околу името на нашата земја. Приемот беше настан за паметење – отворање нова страница на вековната македонска историја, нејзин дефинитивен премин од состојбата на објект во состојба на субјект во мегународните односи. Се намретнува прашаењето: Како ќе изгледаа изминативе 25 години, ако останевме надвород ОН – вели Ахил Тунте.

За најновиот број на списанието “Дипломатски летопис”, неговиот главен и одговорен уредник, амбасадорот Драган Јанатов, појаснува:

– Тематски, овој број е фокусиран на одбележувањето на 25 годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации, а во тој контекст и за придонесот на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров.

Во таа смисла, списанието го пренесува говорот на претседателот Глигоров на седницата на Генералното собрание на обединетите нации, на 8 април 1993 година,подвлекувајќи ги неговите зборови: “Приемот на Република Македонија во мегународното семејство на народите, е чин со кој триумфира правдата и светол пример како еден мал и мирољубив народ, по мирен и легитимен пат, го оствари своето право на самоопределување и државност и својата одговорност во мегународната заедница” – нагласува Јањатов..

На страниците на списанието може да се најде и промотивната реч на Ахил Тунте, по повод Зборникот “ За и од Киро Глигоров”, на неговиот долгогодишен соработник, советникот Ахил Тунте.

Драган Јањатов,  напоменува дека чествување и промоција на Зборникот на трудови “ За и од Киро Глигоров”, се организираат по повод 100 годишнината од раѓањето на Киро Глигоров, првиот претседател на независна и суверена Република Македонија.

Веле Митаноски