ПОПГМ:Аргироски недомаќински и себично троши 122.000 евра годишно

Скопје, 16. декември 2016

Претседателот на СЗПМ Драги Аргировски, во сопствената магла и самобендисаност,  неговите валканици, манипулации и лаги,  не може да ги „испере,, со никакви писма, како што нема да ги замолчи оние кои ја плаќаат членарината на Сојузот, во износ од околу 122.000 евра годишно, што тој така недомаќински и себично ги троши.

Со ваква порака се обратија од Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), прашувајќи врз основа на кој член од Статутот на СЗПМ, Аргировски остварил соработка со една политичка партија и го потпишал меморандумот за соработка?

dime-spasov-penzioneri-ohrid-1Од таму бараат отчет, колку пари од СЗПМ, по сите основи, му се исплатени на привилегираниот лидер Аргировски, само во 2016 година?

Колку пари на СЗПМ се потрошени за неговите проекти и колку пари платиле Здруженијата, членки на СЗПМ, за купување на неговите книги?

– Дали, „стимулираниот манипулатор“ при одржување на седницата на ИО на СЗПМ, ги информирал членовите каде „брза“ да потпише „спогодба“, дали воопшто спомнал политичка партија, или пак кажал „нешто друго“ и за што одлучувал ИО? Кои („повеќе“) Општински здруженија му дале подршка, кога и како? – пишува во соопштението до јавноста на   ПОПГМ.

Од ПОПГМ додаваат де е непобитно јасно, оти со ваквата постапка, преминувајќи ја и најосновната црвена линија , Аргировски внесе забуна и се обиде да тргува со гласовите на пензионерите, како и дека грубо ги прекрши одредбите од Законот за здруженија и фондации кои се однесуваат на непартиско дејствување на здруженијата (член 13 став 1 и 2) и Статутот на СЗПМ (член 2, 10 и 11), при што сериозно го загрози и единството на  Сојузот.

(с.б.)