По скандалот со Субрата Рој Лозово едвај живурка

Лозово, 24.11.2016

Како еден белосветски измамник може да доведе до очај мала општина со само 2.851 жител (попис од 2002 година) ? Одговор на ова прашање може да се најде ако денес се посети Лозово, општински центар во Овчеполието. Лозово, кое во втората половина од 2013 година беше во делириум, речиси пред портите на рајот, за денес одвај да живурка.

tocka-100253Во таа година како ангел-спасител им се јави Субрата Рој. Индиски бизнисмен, милијардер, доброчинител…Така беше претставен. Ќе го препородел Овчеполието, ќе донесол 20.000 молзни крави, ќе градел млекарница најголема во овој дел на Европа.

Продолжението е познато. Иако и тогаш имаше скептици. Тие говореа дека на префалени јагоди со големи кошници не се оди. Дека Субрата Рој може да биде новиот Марк Гуд од приказната за рудникот „Бучим“. Измамник кој беше осмислен во лажовната лабораторија на тогашната власт предводена од Љупчо Георгиевски.

Најголем оптимист во таа 2013 година беше Орце Цветковски, градоначалник на Лозово. Тој тогаш ни изјави дека многу ги радувало тоа што Субрата Рој ќе отворел 2.000 работни места, посебно ако се знаело дека агрокомбинатот „Џимајлија“ во најдобрите години имал само 500 вработени. Но, стручни лица, бивши раководители во големиот комбинат Ове Поле излегоа со изјави дека Субрата Рој сее илузии, дека Овчеполието, во најдобрите години имало само 75о молзни крави, зашто за толку имало храна…Но, нив, експертите, немаше кој да ги слушне.

И, што имаме денес?

„Животот продолжува. Дојдоа две фирми, велешка „Агрија“ и „Сокол“ од Ново Село но тие вработија малку луѓе. Жителите на Лозово не ја напуштаат општината, продолжуват да живеат од земјоделие“, вели градоначалникот Цветковски.

За Атанас Костадинов, тоа што тие гго живеат не било живот. –„Ни ја продадоа приказната за Субрата, ни ветија живот од бајките, а денес одвај живуркаме. Храна секој си произведува дома, на своите имоти, пари деца на факултет да пратиме немаме, вака беден живот никогаш не сме живееле. Никоја власт повеќе да не се осмелила да не измамува со слатки приказни за некакви спасители-хоштаплери од формат на Субрата Рој, да не купува гласови на такви лаги“, вели  Костадинов.