По 10 години од владеењето на ДПМНЕ Македонија стана кич држава

Прес конференција, ОО СДСМ Штип

Благој Бочварски, кандидат за пратеник и член на ИО на СДСМ

Штип, 08.12.2016 год

Штип, 08.12.2016

На денешната прес конференција на СДСМ, Бпагој Бочварски, кандидат за пратеник во третата изборна единица констатира дека по десетгодишното владеење на ВМРО ДПМНЕ Македонија станала кич држава.

„Испразнети градови и села, граѓани кои макотрпно работат, а едвај сврзуваат крај со крај, измамени земјоделци, невработени високо образовани кадри, пензионери кои се плашат  за своите пензии, уништен  здравствен систем, судство без правда, барок, кич и безидејност.

Вака изгледа Македонија по десет години владеење на ВМРО ДПМНЕ!

Но, ние можеме и мораме да и ставиме крај  на ваквата состојба. Заедно ќе се избориме за подобар живот во Македонија. Изготвивме план кој ќе овозможи правда и еднаквост за сите граѓани. „Планот за живот во Македонија“ нуди:

-Пораст на животниот стандард на граѓаните.

Преку зголемување на минималната плата на 16.000 илјади денари и просечна плата од 30.000 денари со што ќе се зголеми куповната моќ на граѓаните.

Секо семејство ќе добие една плата плус во семејството преку поврат на 15% од ДДВ на крајот од годината.

Нудиме поддршка за домашните компании од 140 милиони евра, со единствена цел отворање на нови работни места со повисоки плати.

Враќање на евтината тарифа на струја што ќе резултира со намалување на давачките за електрична енергија.

Укинување на радио дифузната такса.

Зголемување на субвенциите на 160 милиони евра годишно.

-Ќе се бориме за социјална правда и еднаквост на сите граѓани преку:

-покачување на социјалната помош за 40%;

-Секое 4 члено семејство кое кое не остварува никакви примања ќе добива месечен паричен надоместок од 12.000 денари со што ќе може да обезбеди основни услови за живот;

Пензиите ќе се зголемуваат двапати годишно согласно порастот на трошоците за живот.

Младите ќе останат во Македонија. Секој ќе добие шанса за отворање сопствен бизнис.

Ќе им помогнеме на младите преку поддршка од 10 илјади евра неповратни средства за основање на сопствен бизнис.

Република Македонија може да биде и ќе биде поубаво место за живеење во која младите ќе останат овде. Ние можеме да се справиме со нискиот животен стандард. Можеме да се справиме со криминалот и корупцијата. Украдените пари од страна на власта ќе ги вратиме назад кај граѓаните, а секој кој злоупотребил или проневерил народни пари ќе одговара за тоа.

Сакам да упатам еден апел до граѓаните на Штип и источна Македонија во однос на прашањето за некаква федерализација кое го наметнуваат од ВМРО ДПМНЕ, единствено поради својата безидејност и криминалот во кој се вплеткани.

Федерализација кантонизација или некаква двојазичност нема да има, СДСМ е гарант за тоа, но конфискација  сигурно ќе има за криминално стекнатиот имот. Не дозволувајте да ве излажат и манипулираат од ВМРО ДПМНЕ.

Груевски е единствен во државата кој мисли за федерализација, кантонизација или двојазичност и никој друг. Нема да дозволиме никој да го смени уставот на РМ.

Такво нешто не е кажано од никој од СДСМ, тоа единствено е изготвена приказна од кујната на ВМРО – ДПМНЕ. Македонија е унитарна држава, таква и ќе остане. Уставот нема да се менува, туку ќе се спроведува.

Затоа на 11 декември граѓаните ќе изберат живот. Ги повикувам сите граѓани масовно да излеземе во недела на гласачките места и да ја казниме оваа ненародна власт.

Да го заокружиме бројот 4 и да дадеме зелено светло на планот за живот во Македонија.