Пратеникот НИКОЛОВ во посета на Козјак

Штип, 17.10.2020

Пратеникот од редовите на СДСМ Сашко Николов го користи секој слободен момент за посета на населени места во општините Штип и Карбинци на кои средби разговара со жителите за важни теми.

za03Денес пратеникот Николов имаше убав разговор со жителите на селото Козјак во општина Карбинци. Посетата беше во организација на СДСМ – Карбинци,а на настанот присуствуваа и во дебатата учествуваа и градоначалникот Јордан Насев како и Борче Стојменов, прв социјалдемократ во општината, а се разговараше за важни прашања од значење за поквалитетниот живот на луѓето од ова село и од општина Карбинци.

za01Карбинци е село во близина на археолошкиот локалитет Баргала, во него има шеесеттина домакинства, сé поголем број жители на Штип кои потекнуваат од ова село се враќаат во селото или пак таму престојуваат во деновите на викенд.

Во близина на Козјак се гради и филтер станицата за Општина Карбинци поради што луѓето од ова село се интересираа за бенефитите од водоводот кој ќе биде по европски стандарди, за поддршката на Владата на Заев за земјоделците, за урбаниот развој на селото…