Пратеници од ВМРО ДПМНЕ го молат Заев да направи влада!

Штип, 30.01.2017

  • Каракамишева со своите небулозни толкувања на Уставот ги помина сите граници на пристојноста, нормалноста и професионалноста

Уплашени од можноста за нови избори преку непочитување и прекршување на Уставот, група пратеници од ВМРО ДПМНЕ, кои ниту на сон не можеле да помислат дека ќе се доберат до така високи функции, се обратиле до лидерот на СДСМ Зоран Заев да направи сé што е во негова можност и да состави Влада.

„Ви се обраќаме во надеж дека откако пропадна можноста нашата партија да прави Влада со ДУИ, тоа да го направите Вие. Ние таквиот чин го сметаме за единствена можност Македонија да излезе од големата криза и да го фати патот на нормалноста и на евроатланските интеграции. Како пратеници подготвени сме да ги подржиме сите Ваши одлуки кои ќе бидат во интерес на Република Македонија. Остануваме посветени на државните, наместо на партиските интереси“, стои во пораката на шестемина пратеници меѓу кои доминираат оние од истокот на Македонија.

Во јавноста која знае за дописот постои неподелено мислење дека на овие пратеници не им е ниту до Груевски ниту до ВМРО ДПМНЕ туку им е важно да останат во парламентот четири години поради сите финансиски и други бенефиции кои таа позиција ги носи. Според упатените во македонските политички прилики, овие пратеници правилно заклучиле дека времето на нивната партија е минато, дека ВМРО ДПМНЕ нема да може да направи Влада колку и да сака претседателот Иванов да го опструира Уставот, и колку и да сака „професорката по право“ Каракамишева да тврди дека нашиот устав е несовршен по ова прашање..

„Јасно како бел ден е дека заврши рокот на употреба во кој ВМРО ДПМНЕ требаше да состави Влада, па како и секоја друга расипана стока со изминат рок на траење мора да оди на државната депонија на историски отпад. Сега претседателот Иванов треба мандатот да му го довери на СДСМ и Зоран Заев, за оваа партија да се обиде Македонија да добие Влада. Толкувањето на Каракамишева дека по Груевски мандатот треба да му се довери на друг пратеник од ВМРО ДПМНЕ е една голема небулоза. Оваа партија освои 51 пратеничко место па ако сите тие се изредат како мандатари, тоа ќе значи изгубено драгоцено време од 3,5 години во кое ние ќе функционираме како што сега функционираме. Јавноста знае дека Каракамишева одамна го има фатено филозофскиот правец претеризам во се, но ова ги поминува сите граници на нормалност, пристојноста и професионалноста“, вели политологот Димитар Симеонов.

(Ив.Бојаџиски)

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе