Прес конференција, Градиме нова македонска развојна економија Сашко Николов, кандидат за пратеник од СДСМ во ИЕ 3 Штип, 30.6.2020 г.

Почитувани,

За две и пол години направивме пресврт на подобро. Покажавме дека знаеме и можеме да работиме чесно, одговорно и во интерес на граѓаните.
Денес, се обврзуваме на нови цели, пред граѓаните и пред себеси, бидејќи знаеме и умееме.

Нашата понуда носи нова македонска развојна економија, која обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати.

Креираме нови работни мести преку брза трансформација на македонската економија.
Износ на странски инвестиции од најмалку една милијарда евра за 4 години, засновани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и одржливост на бизнисите.
За 4 години, 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции.
Поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра: 300 милиони од домашни средства и дополнителни 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат.

Платите во сите сектори ќе продолжат да растат.

До крајот на мандатот минималната плата ја креваме на 20.000 денари. Тоа ќе биде плата повисока за дури 120% од оние 9.000 денари на ДПМНЕ во 2016 година.

Просечната плата до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари. Покажавме дека знаеме, умееме и можеме да ги качуваме платите многу побрзо од опонентите. Во следните 4 години тоа ќе правиме уште повеќе и уште подобро.

Пензиите ќе растат заедно со платите. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21%.

Почитувани,
СДСМ го реализира концептот парите назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди само обнова на режимот кога парите завршуваа во белиот дворец.

ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемена минимална плата.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа против покачување на пензиите.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа против проектот Мој ДДВ со кој за првпат државата враќа пари на сметките на граѓаните.

На 15 јули граѓаните ќе одберат парите да завршуваат во нивните буџети, а не во белиот дворец.
На 15 јули граѓаните одбираат да продолжи растот на платите и пензиите и нема да дозволат обнова на режимот кој ги крадеше парите на граѓаните.