ПРИЛЕП: Промоција на романот „Како станав Амадеус“од Трајче Кацаров

Штип, 18.09.2019

Утре во Прилеп, во цветната читална на Градската библиотека, точно напладне, ќе се одржи промоција на романот Како станав Амадеус на писателот Трајче Кацаров кој живее и работи во Штип.

По запознавањето со содржината на романот (промоција на иститот) ќе биде отворена дискусија со авторот за тоа што него го инспирирало да го напише овој роман, за убавината на пишаниот збор, за тоа како се пишува еден роман и слично.

Трајче Кацаров е еден од најплодните автори од средната генерација македонски писатели. Има објавено над 40 книги меѓу кои три романи, две книги раскази, четири книги поезија, драмски текстови објавени како книги…Романот Како станав Амадеус е издаден оваа година. Од 1990 година тој е член на ДПМ, а е уредник на списанието за литература и култура СУМ и на Стожер, весникот на Друштвото на писатели на Македонија.

Библиотеката и авторот ги канат сите љубители на пишаниот збор за учество во овој убав настан од нашата национална култура.