ПРОБИШТИП: Музејот на ретки минерали прокиснува, проблемот ќе се санира овој месец

Пробиштип, 17.01.2021

Музејот на ретки минерали кој е изграден во самиот центар на Пробиштип прокиснува. Поројните дождови открија слабости во градбата на нејзината кровна конструкција, па сега се бара чаре како да се реши овој проблем.

-Точно е тоа дека покривот пропушта вода, но точно е и тоа дека се работи за проблем кој е решлив и кој многу бргу, најверојатно уште во текот на овој месец ќе биде решен. Во нашите планови е музејот да блесне во полн сјај во месец март или април кога планираме негово пуштање во употреба, ни изјави градоначалникот Драган Анастасов.

Музот на ретки минерали е изграден во Пробиштип и има интерсна архитектура, односно тој е во форма на дијамант(и). Изграден е во Пробиштип каде е најстариот македонски рудник за олово и цинк Злетово кој ја живее својата 84 година од отворањето. Во овој период во јамите на рудникот се ископани многу ретки и вредни минерали кои геолозите грижливо ги собирале сместувале во мал интерен музеј кој се наоѓа во управната зграда на рудникот, а кој сега е во владение на фирмата БУЛМАК од соседна Бугарија.

Во овој музеј ќе бидат изложени и ретки мкинерали од другите три наши рудници – Саса во општина Македонска Каменица и Тораница кај Крива Паланка кои се за олово и цинк како и од рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш.