РАМБАБОВА: За само три години СДСМ ги оствари стратешките цели на државата

Штип, 10.07.2020

Емилја Рамбабова, кандидат за пратеник од третата изборна единица на листата на СДСМ и колаицијата „Можеме“ денес на прес конференција говореше за остварувањата на Владата на СДСМ во претходниот период.

-Преку одговорни, државнички политики, успеавме да ја извадиме државата од изолација во која ја држеше ВМРО-ДПМНЕ и да ја вратиме на правиот пат, на патот на евроинтеграциите. Денес сме 30-та земја членка на НАТО, еднакви во најсилниот и најважен воено-безбедносен сојуз. Нашите граници се трајно обезбедени, а нашата национална безбедност и сигурност никогаш не биле на повисоко ниво. Денес сме пред почеток на преговори со ЕУ и отворање на првите поглавја.

Ги остваривме највисоките цели и и целосно го заштитивме идентитетот, ги зачувавме државните и национални интереси.

Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност денеска се признаени од сите. Од ЕУ, од НАТО, од целиот свет.

Последен, силен доказ за тоа е Преговорачката рамка каде што јасно е наведено дека јазикот на кој треба да се преведе европското законодавство е македонски јазик.

Македонски јазик е јазикот наведен во нашата лична карта во ООН, македонски јазик е јазикот на кој ја водиме меѓународната комуникација.

Разобличени се лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за наводно губење на идентитетот и оспорување на нашиот, македонски јазик.

Покажавме дека можеме да ги зачуваме идентитетот и посебноста и да ги отвориме вратите на ЕУ и НАТО. Влеговме во НАТО – Можеме и во ЕУ!

Членството во НАТО е влезна карта за ЕУ. Подготвени сме, знаеме и можеме до 2024 да отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 6 години да го затвориме преговарачкиот процес.

Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за Северна Македонија. Тоа се повеќе пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водовод. Тоа се европски пари за европски стандарди дома.

Понудата на 15 јули е кристално јасна:

Од едната страна е членството во НАТО,

од другата страна е белата барокна палатa.

Од едната страна се Брисел и преговорите со ЕУ,

од другата страна се Хунзите, Белизе и Субрата Роj.

СДСМ нуди кадри кои земјата ја однесоа на прав пат,

ВМРО-ДПМНЕ ги нуди луѓето на Груевски.

На 15 јули граѓаните ќе одберат да продолжиме на прав пат кон ЕУ и НАТО и нема да дозволат враќање на изолацијата и обнова на режимот, рече Рамбабова.