РУДНИК САСА: Менаџментот и рударот на годината кај претседателот Пендаровски

Македонска Каменица, 0109.2020

Претседателот на СРМ Стево Пендаровски денес во вилата Водно ги прими и водеше разговор со делегација на рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица во која беа менаџментот на рудникот предводен од генералниот директор Олег Телној и најдобриот рудар за 2020 година Звонко Стоименовски.

118733383_2948339735393656_6145523052606162831_nОд кабинетот на претседателот соопштија дека Пендаровски на Стоименовски му го честитал признанието Рудар на годината меѓу 700 вработени во рудникот оценувајќи дека во рударството, како една од најтешките професии, клучна алка за успех, покрај технологијата, е трудот и храброста на рударите. Претседателот Пендаровски изразил благодарност за севкупниот труд на рударите и резултатите што ги постигнуваат, како влог во македонската економија.

Генералниот директор Олег телној го запозна претседателот Пендаровски со тековната работа на компанијата, во услови на пандемија, планираните инвестициски активности, како и вложувањата во заедницата. Според менаџментот на компанијата, и покрај сите предизвици што ги наметна актуелната пандемија, рудникот САСА продолжи безбедно да произведува олово и цинк, во согласност со плановите за производство, притоа задржувајќи го фокусот на инвестициите во современа технологија, во безбедноста и благосостојба на вработените и заштитата на животната средина, соопшти кабинетот на претседателот.