САСА задоволна од одлуката за прекин на блокадата

 

 

Македонска Каменица, 16.03.2018

Рудникот САСА ја е задоволна и ја поздравува одлуката за прекин на блокадата на пристапниот пат до рудникот, која беше донесена по синоќешната средба во Владата на Република Македонија. На овој начин, благодарение на интервенцијата на институциите, се овозможува продолжување на редовното функционирање на рудникот и се избегнуваат натамошните штети за компанијата, за сите нејзини 700 вработени и за големиот број партенери.

Штетите од дводневната блокада на рудникот ќе беа избегнати доколку се почитуваа прописите и Законот за работни односи на кои упатуваше и инсистираше раководството на компанијата, а кои јасно ги пропишуваат начинот и постапката за остварување на сите прашања поврзани со правата од работен однос.

Уште од првиот момент на преземање на компанијата од страна на новиот инвеститор- компанијата Централ Азија Металс, во ноември 2017 година,  менаџменот на рудникот САСА ги почитува и сериозно пристапува кон сите потреби и барања на вработените во САСА. Ваквиот однос кон барањата на вработените ќе продолжи и во иднина, но исклучиво според процедурите предвидени со Законот.