Светиниколчани ги размрдаа прстите

Свети Николе, 31.05.2018

Граѓаните на општина Свети Николе одново се обединија во разубавување на градот. На иницијатива на „Мрдни со прст“ тие излегоа на повеќе локации во градот во средување и уредување на нивниот животен простор.

Акциите се одвиваа нa локациите кај СОУ „Кочо Рацин“; плоштад „Илинден“; црквата „Свети Николај“ и ООУ „Кирил и Методиј“.

-Неуморната работа на Организацијата на Жените на Општина Свети Николе секогаш поддржува одржливи идеи со кои ќе можат активно да се вклучат поголема група на граѓани кои директно може да придонесат за позитивни промени во секојдневието на својата општина каде исклучок не бевме и овој пат. Во самата акција обновивме преку 30-тина клупи каде беа сменети бетонските конструкции и беа поставени кадрони, кои подоцна истите беа офабани. На фрекфентните места во центарот на градот беа поставени околу  десеттина корпи за отпадоци за зачувување на градската хигиена, а воедно дел од граѓаните беа ангажирани и со собирање на отпадоци, вели Лорета Петровска, од „Мрдни со прст“..

За Сашо Велковски, градоначалник на Свети Николе, Граѓаните на оваа општина заслужуваат поубав град. -Тие заслужуваат повеќе делови од градот да бидат разубавени  каде ќе имаат свое место за рекреација, дружење. Со вклучувањето на голем дел граѓани/граѓанки волонтери, граѓански институции, невладини организации и здруженија реализацијата  помина успешно. Апелирам до сите граѓани на градот да ја чуваат и да се грижат за својата околина -изјави градоначалникот Велковски.

Од „Мрдни со прст“ укажуваат дека тие успешно го затвориле циклусот со реализирани акции кои влеваат надеж за подобро утре и овозможување на подобра иднина на децата и младите, а на секој граѓанин да се чувствува пријатно во околината која го опкружува. Визија на организацијата е да се биде лидер во женското и младинското движење каде располага со човечки и технички капацитети кои можат да влијаат на подобрување на општата состојба на  граѓаните во Општината и во републиката. Им благодариме на сите што ги размрдаа прстите овие неуморни 6 месеци и беа дел од нашето патување. „Мрдни со Прст“!

Нашата визија е една! За подобра околина во која живееме и поубава средина во нашето општество!