Свети Николе: тридневен фестивал и базар со вечер посветена на Русија

Свети Николе, 30.12.2017

Над 5000 граѓани го посетија тридневниот Новогодишен фестивал и базар кој се одржа на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе. Ова е втора година по ред како се одржува успешниот фестивал.

1Новогодишниот фестивал започна на 26-ти, а траеше до 28-ми декември, секој ден од 17:00 до 21:00 часот. Фестивалот беше збогатен со новогодишен базар со магични дрвени куќички, рачно изработени празнични декорации, книги, варено вино и традиционални македонски и руски специјалитети.

Во програмата на фестивалот учествуваа околу 500 граѓани на Свети Николе, од кои повеќето беа ученици и наставници. Пред бројната публика со новогодишна програма настапија дечињата од детската градинка „Рахилка Гонева“, учениците од ОУ „Кирил и Методиј“ и ОУ „Гоце Делчев“,средношколците од СОУ Кочо Рацин – Свети Николе со комедијата „Браво, генерацијо“…

Во рамките на Руската вечер, во ресторанот „Златна Москва“ се нудеа руски специјалитети, на која гостуваше и внуката на Дедо Мраз – Снегурочка. Во Русија Снегурочка е позната како посредник помеѓу Дедо Мраз и децата и таа му помага да ги раздели подароците.

Исто така, дел од програмата беа и Градскиoт аматерски театар „Сцена 71“, Свети Николе со нивната Комедија „Во очи на најлудата ноќ“, Мандолинскиот оркестар „Св. Николај“ со богат репертоар од руски песни, како и Градскиот хор од Штип, кој го започна настапот со познатата руска песна „Подмосковные вечера“.

2На 28-ми декември беше организирана руска вечер, кога во ресторанот „Златна Москва“ се нудеа руски специјалитети, а како изложувачи на штандовите беа присутни и руски сонародници кои живеат во Македонија. На руската вечер од фестивалот и базарот во Св. Николе гостуваше и внуката на Дедо Мраз – Снегурочка. Во Русија Снегурочка е позната како посредник помеѓу Дедо Мраз и децата и таа му помага да ги раздели подароците.

Поради големиот интерес, во соработка со Организација на жените на Општина Св. Николе новогодишниот фестивал продолжи уште еден ден, 29-ти декември, кога беше организирана и ЕЕО забава за подигнување на свеста кај граѓаните за штетните влијанија на Електричниот и Електронскиот Отпад. Настанот се спроведе во рамките на кампањата Мрдни со прст. На настанот гостуваа музичките ѕвезди Димитар Андоновски и Влатко Лозаноски, стенд-ап комичарката Ивана Наскова и групата за модерни танци Clique.