СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина законското усогласување на пензиите, а денес глуми загриженост, пензиите растат и ќе продолжат да растат

Скопје, 24.01.2019

Нема граници лицемерието на антинардното ВМРО ДПМНЕ. Токму таа партија го укина законското усогласување на пензиите, манипулираше со пензионерите, а денес глуми загриженост за пензионерите.

ВМРО ДПМНЕ со нивните лоши и криминални политики зад себе остави огромен дефицит во фондот на ПИОМ и директно им наштети не само на сегашните, туку и на идните пензионери.

За разлика од таквиот неодговорен однос, Владата предводена од СДСМ, обезбедува редовна исплата, континуиран и стабилен раст на пензиите.  Ако во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 денари, во 2018 година таа изнесува 14.421 денари.

Владата со закон дефинираше дека пензиите ќе се усогласуваат редовно и тоа два пати во годината, а воведена е законска одредба за усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален раст повеќе од 4%.

Од самиот почеток на мандатот, Владата предводена СДСМ носи нови мерки и законски решенија што се во интерес на граѓаните. Пензионерите кои примаат помалку од 14.000 денари пензија добиваат бесплатно болничко лекување. Рударите се пензионираат само со работен стаж. Со усвоените законски измени, жените ќе одат во пензија со 35 а мажите со 40 години работен стаж, што беше долгогодишното барање на рударите кое ВМРО-ДПНЕ го игнорираше.

Со новата социјална реформа на Министерството за труд и социјална политика се воведува и социјална пензија а право за нејзино стекнување добива секој над 65 години, кој нема друг извор на приход, има работен стаж, но нема право на пензија.

Скопје, 21.01.2019         ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА                        СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА