СЕКОЈА ЧЕСТ: Витаминка и Кожувчанка ги освежува(т) патниците на граничниот премин Богородица

Богородица, 26.07.2019

Витаминка и Кожувчанка за оние кои денеска го поминаа граничниот премин Богородица, како и за оние кои ќе го поминат во текот на утрешниот ден, подготвија освежително изненадување – подарок од два природни напитоци – Цевитана и природна Изворска вода со кои патниците можат да се освежат додека чекаат да се завршат граничните формалности. Или, пак, да ги понесат со себе и да уживаат во освежувањето попатно или  додека престојуваат на некое од одбраните места за одмор.

Консумирањето на поголема количина на течности е задолжителна и е од исклучителна важност за човечкиот организам во летниот период. Дополнително, дневниот внес на витамини е потребен за правилно функционирање на човечкото тело и е поддршка на имунолошкиот систем.

67490083_2334618533522970_4191891070193238016_nТокму затоа Витаминка, во соработка со Кожувчанка, решија оваа потреба на патниците кои ја поминуваат границата да ја задоволат со еден ваков подарок. Познатиот и популарен бренд на Витаминка- Цевитана, кој е достапен во седум вкусови (лимон, портокал, манго, ананас, грејпфрут, минт и лимон и лимон и бозел) е освежителен витамински напиток со 9 витамини (А, Б-комплекс, Ц и Е). Три до четири чаши Цевитана, подготвени брзо и едноставно, се сигурен начин за задоволување на потребите и надополнување на дефицитот од витамини во дневната исхрана. Цевитана е напиток кој содржи природни состојки без вештачки засладувачи, бои и ароми. Делотворната моќ на овој популарен витамински напиток е очигледна кај сите возрасти, а особено кај децата.

Со освежителното изненадување двата познати бренда денеска им понудија на патниците момент на уживање и освежување посакувајќи им среќен пат и убав викенд надвор од државата. Активноста ќе продолжи и во текот на утрешниот ден кога се очекува голем број патници да го поминат овој граничен премин.