Секоја чест за Македонија пат за одлично одржуваните патишта во регионот

Штип, 12. Јануари, 2018

Вчера попладне со голема доза на резервираност заминав за Пехчево на настан. Резервираноста беше резултат на сознанието дека во Малешевијата температурата беше под десет степени, а и снег имаше доста. Се прашував какви ќе бидат патиштата дотаму.

49597619_737488669955633_7331658450155339776_nСостојбата со која се соочив јас и сопатниците беше изненадувачка. Чист пат, наместо по снег и мраз се возевме по асфалт, никакви проблеми дури ниту под и на Обозна која е на висина од 926 метри, односно трипати повисоко од нивото на кое е Штип.

Се возевме речиси како и во лето. И на враќањето околу 23 часот од Пехчево, кога возилото покажуваше надворешна температура од -14 степени целзјусови тргнавме со скепса. Да не нешто патот е можеби заледен? Ама не. Ништо од тоа. Пак убав пат, безбеден за сообраќај во секоја смисла.

Затоа едно големо браво и секоја чест за Македонија пат за начинот на кој зимава ги оддржува патиштата во нашиот источен регион.