Семакедонски национален совет – Македониум, се оградува од Конгресот на Тодор Петров

Мелбурн, 22. јануари 2016

На 19 јануари, верскиот христијански православен празник Водици- Богојављение, истакнати Македонци од Австралија, Америка, Канада, Словенија, Швајцарија, Италија и други земји на дијаспората, како и од Република Македонија, формираа нова асоцијација на собирање и делување – Семакедонски национален совет – Македониум.

Целта е, како што се наведува во Прогласот – јавното обраќање до македонскиот народ, одбрана на македонските национални интерси.

Советот ќе биде управан од Македонци ширум светот. За претседател е избран Страшко Олумчев, додека четворицата заменици претседатели се Проф.Нестор Огинар, Никола Ставрески, Ристо Поповски – Лавот , Виолета Матијевиќ и Ицо Најдовски – Перин.

Откако медиумите ја објавија првичната информација, интересот на јавноста се насочи кон прашањето, како новата семакедонска асоцијација ќе се постави кон Семакедонскиот конгрес на Тодор Петров?

– Ние Македонците од целата дијаспора, најдовме заеднички јазик по прашањето дека е потребно да се обединиме во една таква организација, преку која, во една позитивна насока, ќе ги штитиме интересите на македонскиот народ. Ние сме национална, непартиска организација и нашата комуникација, засега се одвива само по електронски пат, затоа што технологијата тоа го овозможува.Што се однесува до прашањето за Светскиот македонски конгрес, за нас тоа е човек – организација и разликата, меѓу нас и такавиканиот СМК, е во тоа што работиме тимски и координирано. Тимот од СМК е во нашите редови и свесно се дистанцираа од Тодор Петров, затоа што тој наместо да ги застапува националните интереси стана потпарол и активист, во сенка на ВМРО ДПМНЕ – вели  Никола Ставрески, заменик претседател и координатор на Семакедонски национален совет – Македониум.