СЛАВЈАНСКИ: Повик за учество на стручна онлајн работилница на тема „Невромаркетинг“

Свети Николе, 11.01.2021

Институтот за инженерска економија и Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ организираат стручна онлајн работилница на тема „Невромаркетинг“.

Работилницата ќе се одржи онлајн преку платформата Zoom на 28 јануари со почеток од 18:00 часот. Предавач на работилницата ќе биде проф. д-р Сашо Манасов, одличен познавач со теоретско и практично знаење и учество во истражувања за невромаркетинг, и креатор и менаџер на лабораторија за невромаркетинг на МСУ „Г. Р. Державин“.

Дополнително сите учесници добиваат:

-Сертификат за учество и

-Печатено издание – книга „СОВРЕМЕН НЕВРОМАРКЕТИНГ – потрошувачка неврологија: однесување на потрошувачите од перспектива на мозокот“ (колор издание, 150 страници). Изданието ќе биде испратено на учесниците по пошта, по одржување на работилницата.

НЕВРОМАРКЕТИНГ–револуционерно поле на маркетинг истражувања: потрошувачка неврологија која го проучува мозокот (софтвер кој интегрира и синхронизира повеќе биометриски сензори кои овозможуваат увид на човечки психо-физиолошки појави) за да го предвиди однесувањето и донесувањето одлуки на потрошувачите.

Пријавување и котизација

Пријавувањето се прави на sasho.manasov@msu.edu.mk или на 076 499 577.

Котизација: 2.490 денари по лице. За пријавени тројца или повеќе учесници од исто правно лице следува по 20% попуст по лице.

Примач:

Институт за инженерска економија;

жиро сметка: 200002690444081 (Стопанска банка);

со назнака „За работилница невромаркетинг“.