СЛАВЈАНСКИ: Пријавете се на бесплатен курс по руски јазик „Руски низ игра“ за деца на возраст од 5 до 9 години

Свети Николе, 21.11.2019

Деца на возраст од 5 до 9 години можат да се пријават за бесплатен курс по руски јазик „Руски низ игра“.

Курсот е во организација на Научниот Институт за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе. Истиот

ќе го води едукатор со руски мајчин јазик, и ќе започне од средината на месец јануари, 2020 година, за што јавноста навреме ќе биде информирана.

Часовите ќе се оддржуваат еднаш неделно (во ден недела) во времетраење од два часа.

Контакт лице за подетални информации: Елена Златева тел. 076 241 205 (секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот).