СЛАВЈАНСКИ: Средба за продлабочување на соработката со Универзитетот од Велико Трново, Бугарија

Свети Николе, 16.01.2020

Делегација од Меѓународниот славјански универзитет “Гaврило Романович Державин” од Свети Николе, предводена од проф.д-р  Јордан Горчев, претседател на Управниот одбор на Универзитетот, го посети универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Велико Трново, Бугарија.

Неколку години по ред двата универзитети успешно соработуваат согласно заедничкиот договор за соработка.

slgd01Канцеларот, проф. д-р. Христо Бонџолов заедно со заменик ректорите на универзитетот “Св. Кирил и Методиј” разговараа за идните заеднички иницијативи

За време на состанокот беше заклучено дека постои позитивен раст на докторски студии на студенти од Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р.Державин“ Свети Николе-Битола, при што е констатирано дека бројот на докторанти е пораснат за речиси двапати.

Сите присутни на дебатата беа обединети околу мислењето дека следниот голем чекор во односите на овие два универзитета  е стимулирање на студентската мобилност од двата универзитети во рамките на програмата Еразмус.