Соопштение за јавност

Здруженијата на граѓани, поддржувачи на оваа реакција, најостро го осудуваат минатонеделниот напад на канцеларијата на здружението ГЛАСНО во Штип, преку кој беа уништени прозорците и таблата со логото на КУЦ (културно уметнички центар) ТЕКСТИЛ.  Сметаме дека овој напад е директен удар врз борбата за човекови права и слободата на здружување и изразување на граѓаните.

Земајќи предвид дека овој простор во изминатите месеци е слободна зона на среќавање и организирање на работниците и работничките од текстилната и кожарската индустрија, сметаме дека ова е напад врз работниците поради волјата за промени на нивниот статус и  конечно остварување на нивните права.

Бараме Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство најитно да ги открие сторителите на овој напад кој испраќа сериозна закана и предизвикува чувство на несигурност. Здруженијата на граѓани изминативе години биле напаѓани повеќе пати, но досега напаѓачите не се пронајдени за ниту еден случај. Сметаме дека е крајно време ваквата неказнивост да престане и конечно да бидат најдени сторителите на сите напади.

ГЛАСНО во соработка со повеќе здруженија веќе неполна година активно работи на зајакнување на работниците со цел унапредување на нивните човекови и работнички права. Голем број на граѓани и граѓанки кои работат во текстилната и кожарската индустрија изминатата година беа запознаени за своите работнички права и во ГЛАСНО најдоа сојузник и поддржувач во борбата за промена на нивниот статус. Закажан е и првиот голем собир на текстилни и кожарски работници и работнички на 08.12.2016 година, кој предизвика интерес во локалната средина, но и од пошироката јавност.

Токму затоа и се наметнува прашањето кому му смета здружението и неговата работа? Зошто една ваква благородна идеја и цел да биде каменувана? Никој нема да ја запре борбата за подобрување на правата, условите и платите на работниците во текстилната и кожарската индустрија, која ќе продолжи и ќе биде ГЛАСНА. Порачуваме дека нападите врз ГЛАСНО ги разбираме единствено како страв од охрабрувањето на граѓаните конечно да побараат остварување на нивните загарантирани права и подобрување на нивниот социо-економски статус.

Воедно, ГЛАСНО ве поканува на големиот собир на текстилни и кожарски работници на 08.12.2016 година кој ќе се одржи во Штип со почеток во 19 часот.

Организации кои го подржаа ова соопштение:

  1. Здружене за култура и уметност – Факултет за работи што не се учат / Акто Фестивал
  2. Здружение Регионален центар за одржлив развој
  3. Млади Европски Федералисти – ЏЕФ Македонија
  4. Центар за стратегии и јавност ПАКТИС – Прилеп
  5. Плоштад Слобода
  6. Профицио – Мултиетничка толеранција преку економски просперитет
  7. Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
  8. Организација на жени од Струмица
  9. Проект ЕУ – Кавадарци
  10. Младински Клуб – Штип
  11. Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација
  12. ЛГБТИ Центар за подршка
  13. ХОПС – Скопје
  14. Х.Е.Р.А
  15. Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста
  16. Субверзивен фронт
  17. Фондација за развој на локалната заедница – Штип
  18. Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“
  19. Центар за современи уметности – Скопје
  20. Контрапункт – Асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи уметнички практики
  21. Младински културен центар – Битола
  22. Центар за економски анализи
  23. Јадро – Асоцијација на независна културна сцена
  24. ЗГ „Патокази“ – Гевгелија
  25. Граѓанска иницијатива „Арсена“
  26. Здружение „Проектен простор Прес ту егзит“ – Скопје
  27. Центар за култура и културни студии
  28. Амбрела
  29. Визио – Кичево
  30. Фондација „Фокус“ – Велес
  31. Центар за развој на локална демократија – Скопје
  32. Здружение за унапредување на родова еднаквост „Акција Здруженска“ – Скопје
  33. ЕД Планетум – Струмица
  34. Акција Плус – Ресен
  35. ЕД Дешат – Дебар
  36. Фондација Метаморфозис
  37. Фондација Отворено општество – Македонија
  38. Новинари за човекови права
  39. Цивил – Центар за слобода
  40. Национален совет за родова еднаквост
  41. НВО Инфоцентар
  42. Синдикат на македонска дипломатска служба
  43. Асоцијација за истражувања комуникации и развој – Паблик
  44. Здружение „Избор“ – Струмица
  45. Тиит!ИНК
  46. Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците – Достоинствен работник – Прилеп
  47. Коалиција сите за правично судење
  48. Институт за човекови права
  49. Лезфем
  50. Млади европски федералисти – ЏЕФ Македонија
  51. Центар за граѓански комуникации
  52. Здружение за развој и активизам „Аква“
  53. Здружение иницијативен глас – Прилеп
  54. Институт за македонска литература
  55. Институт за европска политика – Скопје
  56. Транспарентност Македонија
  57. Коалицијата за одржлив развој – КОР Скопје
  58. Есперанца – Светски културен центар
  59. Хуманитарно и добротворно здружение на ромската интелегенција АНГЛУНИПЕ
  60. Граѓанска иницијатива „Го сакам ГТЦ“
  61. Банка за храна Македонија
  62. Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
  63. Јустиција
  64. Младински образовен форум
  65. НВО Центар за демократски развој и иницијатива (ЦДРИМ)
  66. Хуманитарно едукативна организација (ХО) ХАЈГА
  67. Здружение Радика – Дебар