СТЕФОСКА: Штипскиот музеј седум децении е чувар и промотор на културното наследство

Штип, 20.11.2020

Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип годинава слави 70 години од постоењето, а јубилејот, во услови на корона криза, е одбележан со отворање изложба во уметничката галерија Безистен. На настанот присуствуваше министерката за култура Ирена Стефоска придружувана од директорите на институциите од областа на културата и пратеникот и кандидат за градоначалник на Штип од редовите на СДСМ д-р Сашко Николов.

-Нашата инстутицја е формирана во 1950 година како комплекс со повеќе научно-истражувачки одделенија кои покасно се оформуваат во археолошки, етнолошки историски и историја на уметноста. Во 1964 година Безистенот станува уметничка галерија, а осум години подоцна е формирана и галеријата на икони во црквата Пресвета Богородица во Ново Село. Збирката на музејот брои 6.000 инвентарни предмети од кои најголем дел се археолошки. Во 2014 година е отворен и музејот на револуционерната бора, рече директорот д-р Мите Штерјов.

Изложбата во безистенот е комбинирана. Изложени се предмети најдени при археолошките ископувања на Боров Дол во 2017/2018 година, изложбата на ракотворби со наслов „Жената чувар на традицијата“ и изложба на слики од современата македонска ликовна уметност.

-Секогаш кога доаѓам во вашиот град, во нашиот Штип, едни исти стихови ми се навраќаат во мислите. „О граде мој, езеро мое на животот. Само еден твој брег се капе во бела виделина низ која ѕирка твојата штотуку насмевната историја. Сите што ја градеа, доградуваа и доградена“. Со овеи зборови министерката Стефоска се обрати на отворањето на изложбата.

126345504_698962114071513_3129619336489723618_n            Таа посочи дека  Штип е град-споменик на културата, дека спомениците во градот и во неговата околина сведочат за незаборавот.

-Веќе седум децении Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип е чувар и промотор на културното наследство на градот и на неговата околина. Од барутница до галеријата на икони во Св. Никола, преку деветте илјади инвентарни предмети, Заводот и Музеј Штип го негува она што со векови нашите предци го граделе, што ние денес го доградуваме и што идните генерации ќе го надградуваат, рече Стефоска.

Осврнувајќи се на самата изложба министерката СДтефоска рече:

126837616_1340528792960443_5039104454529011655_n-Изложбата со која денес се одбележува јубилејот на Заводот прекрасно го одразува широкиот спектар на нашето културно наследство надоврзувајќи се на сопствената традиција. Имено пред 70 години првата стална поставка на Народниот музеј содржела експонати од археологијата, етнологијата, историјата и ликовната дејност. Културното наследство е еден од врвните приоритети на Владата и на Министерството за култура и затоа мојот Штип и јас од првиот ден посветено работиме да го издигнеме овој сектор на што повисоко и професионално ниво. И самите знаете колку напори вложуваме за да изнајдеме заедно со сите вас трајни решенија за проблемите и да ги надминеме слабостите и пропустите кои се наталожиле со текот на времето било поради недостиг на кадар, било поради застарени законски прописи и така натаму.

Во однос на конкурсите за проекти Стефоска порача сите апликанти да се подготвуваат и да работат и да аплицираат за проекти кои можат да се реализираат во состојба во Ковид услови. На прашање за платите на вработените во културата министерката потсети дека на 31 декември минатата година после 15 години платите на културните работници се повисоки за преку 17 проценти.