Тешка сообраќајка на патото Пробиштип-Крупиште, загина 18 годишно момче од Кочани

Штип, 07.08.2019

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила утринава на регионалниот пат Пробиштип-Крупиште во близина на селото Бучиште, на самото место загина 18-годишно момче со иницијали В.Ј. од  Кочани, кое управувало со автомобил марка „Сеад толедо“ со кочански регистарски таблички. Во возилото имало уште четворица сопатници на возраст од 18 и едно на возраст од 17 години кои се повредени, од кои двајца се со тешки телесни повреди.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека според првичните информации на терен, несреќата е пријавена утринава во 4:25 часот, а се случила откако возачот изгубил контрола над возилото по што излетало од коловозот.

На самото место е починато 18-годишното момче, две на возраст од 17 и 18 години се прнесени во штипската клиничка болница, а две момчиња се во болницата во Пробиштип.

Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска вели дека едното од момчињата е со тешки телесни повреди на главата, извршена е интервенција од страна на неврохирург и се наоѓа во шок соба, а второто момче е со повреди на белите дробови и е сместено на Одделението за хирургија.

Извршен е увид на местото на несреќата од страна на истражните органи.